ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Кемтрејлсите“ се виновни за пожарите во Австралија, а медиумите се криви за таа дезинформација

Во време кога голем дел од Австралија ја пустошат големите пожари, во некои медиуми во Хрватска се ширеа теории на заговор – дека пожарите се последица на „кемтрејлс“, односно наводно од авиони се испуштани огромни количества нано-честички од алуминиум и бариум. Но, сето тоа се неосновани и злонамерни дезинформации, кои немаат допир со реалноста, пишува хрватскиот сервис за проверка на фактите „Фактограф“

January 10, 2020 12:54
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Во време кога голем дел од Австралија ја пустошат големите пожари, во некои медиуми во Хрватска се ширеа теории на заговор – дека пожарите се последица на „кемтрејлс“, односно наводно од авиони се испуштани огромни количества нано-честички од алуминиум и бариум. Но, сето тоа се неосновани и злонамерни дезинформации, кои немаат допир со реалноста, пишува хрватскиот сервис за проверка на фактите „Фактограф“.

Анализирајќи ги ваквите тврдења објавени на порталот „Transformacija svijesti“ во статијата под наслов „Според авторот Денис Милс, прашината од алуминиумски и бариумски нано-честички секојдневно испуштани од воздухопловите со тони, е главната причина на катастрофалните супер брзи пожари“, всушност се пренесува преведена статија од наведениот калифорниски автор, чиј оригинал пак воопшто не се однесува на пожарите во Австралија, туку датира од пред две години и се однесува на пожарите во Калифорнија. Денис Милс всушност е е автор на проза со елементи на фантастика, кој е преокупиран со темите НЛО и киднапирања од страна на вонземјани, пишува „Фактограф“ а тврдењата дека некакви злонамерни „прскања“ се виновни за пожарите „не држат вода“ затоа што глобалното затоплување, како што покажале многу научни студии, е главниот причинител за пожарите.

„Фактограф“ притоа ја цитира студијата на Рос Гарно, професор на Националниот универзитет на Австралија во Канбера, објавена уште во 2007 година, по големите пожари во дивината во 2006 и 2007 година. Во тоа дело на 118-та страница трудот на Гарно ја споменува токму 2020 година како пресвртница во поглед на појавата на пожари во дивината, кога сезоните на пожари ќе почнуваат порано и ќе завршвуваат подоцна и ќе бидат поинтензивни од претходно“.

Хрватскиот сервис потсетува и на тезите на Грег Малинс, поранешен комесар за пожарникарство и спасување во сојузната држава Нов Јужен Велс, кој посочува дека долгорочниот тренд е сè потопла и сè посува клима, голема суша, долгорочен пад на врнежите, ниска влажност, високи температури, брзините на ветриштата, раното почнување и задоцнетото завршување на сезоната на пожарите во дивината.

Next Post

Јовановиќ: Сакаа да убијат

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk