Потресните слики покажуваат млади руски деца уапсени поради протести против инвазијата на нивната земја во Украина, пишува Њу Јорк Пост.
Фотографиите беа споделени од опозициски политичар откако илјадници ширум земјата беа приведени поради изразување противење на војната на Владимир Путин.
Сликите покажуваат деца на училишна возраст во задниот дел на полициско комбе во Москва по учество во анти-воени протести.
Децата биле задржани кога наводно отишле да положат цвеќе во градската украинска амбасада.
обработка: М. М.








