ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гир отфрлува споредба на ситуацијата меѓу Русија и Украина, со спорот меѓу Скопје и Софија

March 3, 2022 13:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Дејвид Гир. Фото: МИА

Дејвид Гир. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска го отфрли пристапот да се прават споредби на ситуацијата меѓу Русија и Украина, со онаа на Северна Македонија и Бугарија.

Тој, во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, дека условите на Владимир Путин кон Украина се слични на оние што Бугарија ги поставува кон Северна Македонија во историскиот контекст на дефинирање на нациите, рече дека ЕУ целосно ја отфрлува оваа споредба помеѓу двете ситуации, за кои, како што рече, се две крајно различни ситуации.

– Самите дејствија на Русија се широко осудени во ГС на ОН и тоа се две различни ситуации. Целосно отфрлувам правење паралела меѓу односите на Русија и Украина, со оние меѓу Бугарија и Северна Македонија. Во Украина како што веќе кажав, гледаме градови што се бомбардираат од страна на руската армија, имаме напади врз суверена држава чија територија е ставена под прашалник,, рече Гир.

Евроамбасадорот истакна дека во билатералните односи меѓу Скопје и Софија има неколку области на спор, но, како што рече, Бугарија беше првата земја која што ја призна независноста на Северна Македонија и продолжи да дава поддршка и на нејзиниот интегритет и суверенитет.

– Беше прва што го поддржа нејзиното членство во НАТО. Во изминатите неколку дена гледаме дека Бугарија како одговор на Европскиот цивилен заштитен механизам исто така помагаше на евакуација на македонски граѓани од Украина, додаде Гир.

Францускиот амбасадор од своја страна, во овој контекст, истакна дека актуелната состојба покажува уште појасно отколку во минатото дека се наоѓаме во конфронтација на модели и на вредности – европскиот модел е на неупотреба на сила, затоа што решавањето на споровите не е така, затоа што се бара решение добра волја, дијалог, диполоматија.

– Ќе ве потсетам дека токму тоа ние денес го забележуваме преку овој зајакнат дијалог меѓу двата главни града што се воспостави од почетокот на годината и во тој дијалог има политички одговорни лица што се храбри, понесени од најдобрата намера и во тој контекст секој треба да се обиде, колку што е можно да биде поодговорен, а тоа значи да ги оставиме тие што преговараат меѓу себе да најдат решенија. Европските институции и француското претседателство го следат сето тоа со највисоко внимание и се подготвени кога ќе дојде соодветниот момент да го дадат својот придонес, за да може во најкраток и најбрз можен рок, овие позитивни моменти да бидат крунисани со успех што сите го посакуваме, посочи Бомгартнер.

Францускиот амбасадот подвлече дека во овој стадиум не станува збор да бараме протагонизам ниту да бараме некакви недоследни изјави, туку, вели, треба да му дозволиме на процесот којшто во очите на сите е позитивен, да може да се остварува во најдобрите можни услови. /МИА/

Next Post

Зеленски: Првите странски борци доброволци пристигнаа во Украина

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk