Повеќе од 140.000 Украинци, главно мажи, се вратија од Европа. Десетици илјади се приклучија на Силите за територијална одбрана. Се разбира, има и такви кои бегаат. Но, целиот свет гледа како украинскиот народ се бори за својата земја, изјави Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников.
Изјавата на Резников Ви ја пренесуваме интегрално:
„Почитувани Украинци!
Поминаа 11 дена херојски отпор.
Поради огромните загуби што ги претрпе непријателот, интензитетот на воените дејствија привремено се намали. Меѓутоа, руските окупатори се обидуваат да ги концентрираат силите и ресурсите за нов бран напади.
Пред сè – врз Кијев, Харкив, Чернигив и Миколајив.
Не губиме претпазливост! Руските трупи насекаде добиваат жесток отпор.
„Рускиот мир“ се обидува да го задуши херојскиот град Мариупол со хуманитарна криза. Владата прави се што е возможно и невозможно да обезбеди хуманитарни коридори.
Тоа не е лесно. Сепак, руските терористи не си го држат зборот. Нема сожалување дури ни за децата и жените, за ранетите. Тие гранатираат станбени населби. Тие пукаат врз цивили за време на евакуацијата. Дури ни шакалите не се однесуваат така.
Ја користиме секоја минута за да ја засилиме нашта одбрана. Се прават сите напори деноноќно за да се задоволат потребите на нашите заштитници и заштитнички.
Повеќе од 140.000 Украинци, главно мажи, се вратија од Европа. Десетици илјади се приклучија на Силите за територијална одбрана. Се разбира, има и такви кои бегаат. Но, целиот свет гледа како украинскиот народ се бори за својата земја.
Веќе има повеќе од 20.000 обраќања од странци кои се подготвени да дојдат во Украина и да го бранат светот од руските нацисти на украинскиот фронт. Со цел злото на Кремљ да не се проширува.
Нема да коментирам за набавката на оружје и муниција – ова е деликатен момент. Нека се изненади непријателот. Знајте: има значителен напредок.
Меѓу другото, во текот на изминатите 3 дена, повеќе од 50.000 шлемови и панцири се упатуваат во Украина или се нарачани.
„Пресретнуваме“ веќе сошиени униформи за армиите на НАТО од добавувачи. Нашите бранители нека бидат облечени различно. Главната работа е да им биде удобно да се борат со непријателот.
Нашите војници во сите области на одбраната демонстрираат висока вештина, уништувајќи ги руските напаѓачи.
Дејствата на нашите артилерци во Миколајивската област ќе влезат во учебниците. Како и контранападите на украинските бранители на Харкив и Луганската област.
Работиме на добивање помош во областа на противвоздушната одбрана и ракетната одбрана од партнерите. Но, довербата во неизбежноста на нашата победа ја додаваат не дадените ветувања, туку украинските воздухопловни сили. И некои менаџери на „Укрпошта“ кои соборуваат авиони со руски воени злосторници.
Во ерата на Козаците, нашите предци ја ораа земјата, држејќи при рака меч и мускет. Денес, некои села за време на сеидбата можат со трофеи да ги опремат механизираните баталјони со засилени тенковски единици.
Војната е тага што ни ја донесе Русија. Ја донесе во домови низ целиот свет. Секој ден губиме наши луѓе. Се сеќаваме на сите и за сите се одмаздуваме.
Нашата најголема предност пред непријателот е единството на украинското општество. Русија не разбира што е тоа самоорганизирање и каква е вистинската доверба меѓу власта и граѓаните. Тие со децении ја уништуваа слободата и достоинството на народот за да добијат покорно население.
Ги има повеќе, вистина е. Тие преовладуваат во морето и во воздухот.
Засега. Засега.
Впрочем, еден украински војник и еден украински државјанин за време на војната вредат колку десетици руски окупатори.
Украинскиот народ има сосема поинаква внатрешна мотивација.Значително поголема стабилност. Ние веќе го докажавме тоа на земјата.
Брзо се наближува времето кога руската војска и регрутите ќе почнат да се кријат во сите визби на Русија, само за да не ги праќаат во војна со нашите бранители.
Ќе ги вратиме сите привремено заземени градови и села. Херсон, Каховка, Мелитопол, Бердјанск и Геническ покажаа дека е подобро окупаторите да си заминат пред да биде предоцна.
Да го задржиме стројот!
Слава на Украина!“





