Инвазијата врз Украина потсетува дека војната е секогаш поврзана со насилство врз жените и девојчињата, изјави генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ по повод Меѓународниот ден на жената.
– Додека продолжуваме да бидеме сведоци на ужасите од војната во Украина, повикувам на договор за одржливи хуманитарни коридори кои се клучни за овозможување безбеден премин на илјадници бегалци кои бегаат од смрт и уништување – главно жени и деца, истакна Пејчиновиќ Буриќ.
Меѓу членките е и Русија, но нејзиното учество во организацијата беше прекинато по нападот врз Украина. Пејчиновиќ Буриќ ја пофали солидарноста на членовите на Советот кои изразија солидарност и пружија помош на повеќе од 1,7 милиони бегалци од Украина.
– Соочени сме со мрачниот факт дека војната секогаш е поврзана со посебни форми на насилство врз жените и девојчињата, предупреди поранешната хрватска министерка за надворешни работи.
– Додека се обидуваат да избегаат од конфликтот, жените и девојчињата се уште поранливи, на кои им се заканува насилство, сексуална злоупотреба и силување, напиша таа, додавајќи дека затоа им е потребен посебен вид поддршка и заштита./MИА/.