ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Цената на нафтата се намали под 125 долари

March 9, 2022 16:52
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на нафтата денеска паднаа под 125 долари, под влијание на оценката на трговците дека шокот во снабдувањето може и да не се влоши по американското ембарго на руската нафта и најавата на ИЕА за нов циклус на продажба на нафта од стратешките резерви.

Цената на барелот на лондонскиот пазар попладнето падна за 3,56 долари во однос на претходното затворање, на 124,42 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше по пониска цена за 3,99 долари, од 119,71 долар.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера објави забрана за увоз на руска нафта, но на пазарот преовладува мислењето дека овој потег веројатно нема да има големо влијание врз испораките.

– Можеби сегашниот бран на продажба беше поттикнат од сознанието дека по американската забрана за увоз на руска нафта, сегашниот шок во снабдувањето можеби и нема да биде полош отколку што беше досега, шпекулира Тамаш Варга од PVM.

Според американската влада, САД во 2021 година во просек увезувале повеќе од 20,4 милиони барели сурова нафта и деривати месечно од Русија, што одговара на околу осум отсто од увозот на гориво во САД.

– Теоретски, САД би можеле дури и да ги компензираат резервите на руска нафта со сопствено производство, напиша Карстен Фрич од Комерцбанк во извештај.

Велика Британија, исто така, вчера објави дека постепено ќе престане да увезува нафта од Русија. ЏејПи Морган проценува дека околу 70 отсто од руската нафта транспортирана по морски пат во моментов не наоѓа купувач.

На почетокот на оваа недела, руската инвазија врз Украина накусо ја зголеми цената на нафтата во Лондон на 139 долари.

Трговците шпекулираат дека влијание врз цените денеска имаат и медиумските извештаи дека Украина повеќе не бара членство во НАТО.

– Тоа веројатно исто така играше улога, рече Варга од PVM.

Пазарот се надева и на враќање на иранските барели. Техеран со месеци преговара со западните сили за оживување на нуклеарниот договор од 2015 година. Главниот ирански преговарач денеска се врати во Виена за да ги продолжи разговорите.

Некои назнаки упатуваат на заклучокот дека на пазарот сè уште има доволно нафта. Така, залихите во САД се зголемија за 2,8 милиони барели минатата недела, според пазарни извори кои се повикуваат на податоци од индустриската групација на Американскиот институт за нафта, објавени во вторник.

Официјалните податоци на американската влада ќе бидат објавени во текот на денот.

Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК) утрово објави дека барел нафтена кошничка на нејзините членови вчера чинела 127,93 долари, што значи дека поскапела за 1,42 долари од претходниот ден на тргување./МИА/

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Донесени 26 мерки за заштита на животниот стандард и за ликвидност на компаниите

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk