ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

НАТО ги зајакнува силите во речиси сите источно европски земји

March 11, 2022 13:31
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

НАТО во пресрет и за време на руската инвазија на Украина ги зајакна своите сили во источна и југоисточна Европа, додека САД испратија дополнителни 15.000 војници, така што бројот на нивните луѓе на Стариот континент надмина 100.000, пренесува МИА.

„Источните граници од Балканот до Балтикот во заеднички мисии ги чуваат околу 7.600 војници на НАТО со тенкови, пешадиски борбени возила, хеликоптери, борбени авиони, артилерија и бродови. Тој број не е конечен, бидејќи Пентагон на 7 март одлучи да испрати уште 500 војници на различни должности во Грција, Полска, Романија и Германија и дополнителни 400 војници во Литванија“, пишува порталот Балканска безбедносна мрежа (Balkan Security Network).

Четирите мисии на НАТО за засилено присуство (eFP) во Летонија, Естонија, Литванија и Полска сега бројат повеќе од 6.800 војници.

Овие бројки ќе се зголемуваат бидејќи силите на НАТО се очекува да бидат распоредени во Словачка, Унгарија и Бугарија.

„Борбените сили на НАТО се на постојана должност со ловци Ф-15, Ф-16, Ф-35, Тајфун и Мираж 2000 распоредени во земјите долж целото источно крило како дел од засилената воздушна полиција. Активирани се и воздухопловните сили кои од матичните бази во Западна Европа  со додавање гориво во воздухот патролираат долж источната граница“, се додава во текстот.

Исто така се наведува дека САД дежураат со авио-танкери, бомбардери Б-52 и Б-1Б, а Франција со борбени авиони Рафал и авио-танкери.

Порталот пишува дека во Летонија има околу 2.500 војници на НАТО, во Естонија 2.250, во Литванија 1.500, додека во Полска има нешто повеќе од 10.000 сојузнички војници.

Во Словачка беа распоредени 1.200 луѓе со германско-холандската единица за противвоздушна одбрана Патриот, додека околу 7.000 војници од Третата оклопна дивизија на американската армија, опремени со тенкови Абрамс, оклопни возила Бредли и артилерија, беа префрлени во Германија од САД.

Дополнителни осум борбени авиони Ф-35 стелт се распоредени во Германија.

Во Романија сега има околу 2.000 сојузнички војници, додека во Бугарија пристигна одред од четири баталјони „Еурофајтер“ со 130 лица, а се очекува да биде распоредена и чета на американските пешадиски сили „Страјкер“.

Next Post

Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на депортираните македонски Евреи

Shortcut

Најново

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026
Фото: Скирншот, АП

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026
Илустрација: Banking Stock photos by Vecteezy 

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026
Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk