ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Моравјецки побара замрзнатиот имот на руските олигарси да се префрли во новиот Фонд за обнова на Украина

March 14, 2022 14:25
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки по денешниот состанок на т.н. Лублински триаголник, меѓу премиерите на Полска, Литванија и Украина во Варшава, побара да се запленат замрзнатите средства на руската држава, имотот на руските олигарси на Запад и да се префрлат тие средства во новиот иден Фонд за обнова на Украина, пренесува МИА.

– Технолошки санкции, санкции за стоки со двојна намера, која може да служи и за воени цели, замрзнување на имотот на руската држава и на олигарсите. Тој имот нека се искористи за обнова на Украина, побара полскиот премиер од западните сојузници на прес-конференција.

Моравјецки истакна дека средствата од тој иден фонд треба да им служат на луѓето кои нападнаа и кои се жртви на рускиот претседател Владимир Путин.

– Бруталниот агресор кој ја напаѓа државата нека ја плати највисоката цена што може да биде во демократијата и мирниот соживот на народот, нека ја плати цената на своите финансиски средства што ги акумулира низ целиот свет. Денеска апелираме од Варшава од состанокот на Лублинскиот триаголник: замрзнете ги целосно средствата на руската држава, запленете ги. Замрзнете го имотот на руските олигарси, големи и мали, деловни и политички. Овие средства нека послужат за обнова на државата која денес херојски ја брани својата независност и суверенитет, изјави Моравјецки.

Полскиот премиер додаде дека Полска ќе направи се за да подготви процедура за Украина што навистина ќе ја доближи до Европската унија, а со таа надеж ќе биде потребен и огромен фонд создаден од замрзнати и конфискувани средства и имот на руската држава и нејзините олигарси.

Моравјецки истакна дека она што се случува во Украина, особено во градовите како Мариупол, претставува масакр, „едноставно кланица среде Европа“.

Next Post

Дмитро Кулеба, во одговор на Фронтлајн: На Украина може да ѝ се помогне на два начина, со оружје и санкции

НАЈНОВО

ФЗО: Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции

August 21, 2025
Фото: МИА

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Османи ја активира „Градежна стража“ – механизам против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk