Нетфликс во минаитие години сними еден документарен филм за историјата на Украина со наслов „Зима во пламен: Украинската борба за слобода“, поточно документарец за украинската револуција од 2014 година, и сега е бесплатен за гледање на YouTube како знак на поддршка за земјата.
„Зима во пламен” дебитираше на Нетфликс во 2015 година. Документарецот доби широко распространети пофалби: номиниран е за Оскар, Primetime Emmy награда и други признанија; ја освои и наградата People’s Choice за најдобар документарен филм на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.
Овој увид во политиката на Украина – и подготвеноста на нејзиниот народ да се бори за да ги поддржи своите верувања – најде нова важност за време на тековниот конфликт на земјата со Русија.
We stand united.
Viewing of Winter on Fire is up sevenfold — including in Russia. https://t.co/GVAlRt7qvr
— Netflix (@netflix) March 5, 2022
Статистиката на YouTube покажува дека документарниот филм долг 98 минути добил повеќе од 250.000 прегледи за помалку од 24 часа откако Нетфликс го објавил на платформата.
Доколку имате 98 минути и желба да дознаете малку повеќе за веќе постоечкиот конфликт и борбата на Украинците како народ за слобода тогаш пријатно ве советувам да го погледнете всушност ќе дознаете за немирите во Украина во текот на 2013 и 2014 година, кога студентските демонстрации за поддршка на европската интеграција прераснаа во насилна револуција во која се бара оставка на претседателот Виктор Ф. Јанукович.
Владанка Крстевски