ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Ранет новинар на Фокс Њуз кој известуваше од војната во Украина

March 15, 2022 08:58
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Британски новинар, кој известуваше за војната во Украина за Фокс њуз, вчера е ранет и примен во болница, јави американската телевизија.  Инцидентот се случил во регионот на Киев. Не се соопштува колку е сериозно повреден новинарот.

„Бенџамин Хол беше ранет додека собираше информации надвор од Киев“, се вели во краткото соопштение за печатот. „Во моментов имаме малку детали, но Бен е во болница и нашите тимови на терен се обидуваат да соберат дополнителни информации во време кога ситуацијата брзо се развива“, додава телевизијата.

Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова на својата Фејсбук страница, исто така, објави дека е повреден британски новинар. Таа објасни дека бил погоден од шрапнел во ногата и се наоѓа на одделението за интензивна нега. Обвинителката објави и фотографија од прес-картичката на новинарот.

За време на викендот беше убиен американскиот новинар Брент Рено, кој известуваше за воените операции во Ирпин, северозападното предградие на Киев. Во истиот напад е повреден уште еден новинар. Рено бил застрелан во задниот дел од главата додека возел, според украински лекар. Украинските власти брзо ги обвинија руските противници дека пукале во автомобилот, но тешко е да се утврди потеклото на истрелите. Рено беше првиот странски новинар убиен во Украина од почетокот на руската офанзива.

Во врска со веста за повредениот британски новинар, Здружението на дописници при Стејт департментот соопшти дека е згрозено од тоа што му се случило. Бенџамин Хол обично покриваше вести поврзани со Стејт департментот пред да оди да известува од Украина. Претходно работеше како новинар во Лондон. /MИА/.

Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ИЈЗ: 34 смртни случаи како последица на ковид 19 за една недела, 33,3 % помалку од претходната

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk