ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За десет дена ни се вратија спомените од десет години кошмар на МВРО

Од првиот ден на именувањето на новиот министер, јавноста почна да се сомнева за тоа како МВР ќе ни обезбеди фер и демократски избори и каков безбеден живот за следните 100 дена до изборот на новата влада. А одговорот на оваа прашање ќе ни даде одговор на друго долгорочно прашање, за тоа каков може да биде животот следните 4 години доколку оваа структура ги добие изборите, кога за 10 дена успеаја да направат такви чекори!?

January 12, 2020 12:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Утре навршуваат десет дена откако техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев стапи на функција, но сигналите за тоа што нè очекува се насетија уште на денот кога неговата матична партија го најави неговото име.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ предложи униформиран војник, а откако не можеа да ги заобиколат Уставот и законите, предложија поранешен директор на Агенцијата за Разузнавање, од времето на Никола Груевски и Гордана Јанкуловска. Чулев бил на таа функција во времето кога во земјава се случија кумановските настани, за кои ден денеска има многу сомнежи за инволвираност на највисоките безбедносно-разузнавачки служби.

Од првиот ден на именувањето на новиот министер, јавноста почна да се сомнева за тоа како МВР ќе ни обезбеди фер и демократски избори и каков безбеден живот за следните 100 дена до изборот на новата влада. А одговорот на оваа прашање ќе ни даде одговор на друго долгорочно прашање, за тоа каков може да биде животот следните 4 години доколку оваа структура ги добие изборите, кога за 10 дена успеаја да направат такви чекори!?

Стравот и сомнежите не завршија со самото именување на Чулев, туку се намножија со неговите постапки во новата позиција на чело на МВР. За неполни 10 дена Наќе Чулев ги поништи одлуките на претходниот министер, Оливер Спасовски, за прераспоредување на полициски службеници, а донесе други одлуки кои се главна тема на секојдневните политички, медиумски и граѓански дискусии.

Првата одлука на техничкиот министер Чулев беше поништувањето на сите прераспределби на полициски службеници за кои имаше донесено одлука министерот Оливер Спасовски, сега премиер на преодната Влада.

На телеграмата која Чулев ја пушти до сите полициски едници, се спротивстави дополнителната заменичка Славјанка Петровска. Таа најави и кривична пријава против Наќе Чулев.

Одземањето на службените возила стигна до претседателот

Втора одлука која создаде хаос во МВР беше таа за одземање на 35 автомобили кои се од авто паркот на МВР, а се распределени во влада и други институции за чија безбедност одговорно е МВР. На таа листа беа возилата кои се користат за обезбедување на премиерот Оливер Спасовски и единственото на заменичката на МВР. Освен нив Чулев во списокот на автомобили кои ги бара да се вратат назад  во МВР е и автомобилот кој го користи Претседателот Стево Пендаровски. Од неговиот кабинет вчера изјавија дека не ги знаат мотивите за оваа телеграма, но потсетија дека безбедноста на Претседателот е одговорност на МВР.

Дополнителната заменик министерка, Славјанка Петровска, за овие одлуки го обвини Чулев дека ги загрозува безбедноста на граѓаните, неколку амбасади како и гранични премини.

„На овој начин Чулев создава услови за извршување на кривични дела од други лица, кои ќе го загрозат територијалниот интегритет на државата”, изјавила Петровска во нејзината најава за тужба против новиот технички министер во МВР.

Именување на началник од времето на „началниците”

Најновата одлука која уште повеќе ги зајакна стравот во јавноста и сомнежите за функционалноста на МВР, беше предлогот за началник на СВР Скопје. На оваа функција Чулев го предложи Ристо Ставревски, поранешен советник на екс министерката Гордана Јанкуловска со која е вмешан во случаите Титаник и Тенк, а се слуша и на бомбите како зборува со неговата шефица токму на тема “изборни манипулации”.

Заради овие причини од СДСМ реагираа дека во техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ и министерот Чулев сакаат да го вратат МВРО-ВМРО, што асоцира на времето кога самата поранешна министерка Јанкуловска признава во еден прислушуван разговор, дека МВР станал штаб на ВМРО во време на избори.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ реплицираа дека Ставревски е професионалец и неосудуван и дека има разлика од спомнат ви разговори до обвинет.

Насилниците се охрабрија, „Полицијата сега е наша”

По 10 дена раководење на МВР од кадар предложен од ВМРО-ДПМНЕ, за неколку дена порасна бројот на закани од страна на националисти и насилници. За само еден ден закани добија една новинарка, еден градоначалник и екипата на ЦИВИЛ.

Дел од заканите беше и охрабрувањето на заканувачот дека “полицијата сега е наша”, алудирајќи на министерот предложен од ВМРО-ДПМНЕ и на заштитата од самата партија.

Арбен Зеќири

извор: ЦИВИЛ

Next Post

СДСМ: Институционално потврдено, ВМРО-ДПМНЕ е организатор на насилствата од 27 април, а Мицкоски не се оградува од насилниците

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk