ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Цените на горивата паѓаат, медиумите молчат!

March 16, 2022 10:39
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША С. НИКОЛОВСКИ

Мора ли секогаш другите повеќе да нè ценат одошто тоа самите за себе го правиме?

Додека цените на бензините растеа (секаде) се отепавме од плачење дека само кај нас тоа се случува, затоа што само нашата Влада не носи мерки за заштита од ценовниот шок. И медиумите беа преполни со коментари за неспособноста на власта поради што мора да има избори. Ваквите ставови искажани во јавноста претежно ги декларира ВМРО-ДПМНЕ. Но она што чуди е што овие коментари се повеќе стануват и општо прифатени уредувачки позиции и на главните медиуми кои као важат за „про либерални” или како себеси се нарекуваат „независни”. Во прилог на ова говори и фактот што откако владините мерки профункционираа никој ништо не прокоментира во јавноста. Ниту опозицијата, ниту медиумите. Но затоа пак намалените цени во оваа држава во која за жал многумина не веруваат, ги забележаа медиумите од соседството. Тие во своите наслови објавија написи во кои се вели : Во мкд ….и тоа им го „тутнаа” под нос на своите Влади на кои им сугерираат да го применат моделот на македонската Влада. Нам ни станува чудно што како ретко кога досега Македонија е спомената во еден позитивен контекст во рамки на балканскиот медиумски простор. И ние треба да почнеме да гледаме кон себе со очите на другите. Затоа што најчесто се угледуваме на туѓото омаложувајќи го своето.

Во Македонија цените на горивата секогаш биле најниски во регионот, но и на прехранбените производи и тоа сите добро го знаат. Но овој пат во зенитот на енергетската криза како ретко кога досега македонскиот пример за намалување на ценовниот шок го споменуваат медиумите од регионот како повик до своите Влади за примена на истиот модел.

Без намера да навлегувам во статистички операции за кои може да се полемизира до утре, поентата ми е дека ние сме се претвориле во нација која мисли дека живее најлошо од сите во регионот и која не знае да препознае кога нешто добро ќе ѝ се случи. За дефетистичкиот став на Македонците кон сè и сешто голема улога имаат и медиумите кои по долгото владеење на ВМРО-ДПМНЕ со Никола Груевски, ја изгубија матрицата на одмерено информирање за работи од секојдневен интерес на граѓаните и се претворија во „ловци“ на афери и кога ги има и кога ги нема. Во таа „жед“ за атракција им помага опозицијата и социјалните мрежи кои ги „хранат“ со секакви вербални искази не оставајќи простор за „нормална“ и кредибилна информација. Со други зборови медиумите како да се срамат да соопштат нешто што е добро за државата и граѓаните, од срам да не ги обвинат за блискост до власта или за пристрасност. Но така самите влегоа во замката од независни да се претворат во про опозициски без да бидат свесни дека креираат јавно мнение по волја на опозицијата. Тие сега се претворија во слуги на опозицијата без да бидат свесни за тоа. Освен оние кои тоа се.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани
Next Post

Над 11 илјади Албанци аплицирале за азил во земјите од ЕУ само минатата година, рекорд во Европа

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk