ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Марина Овсијаникова дала отказ од рускиот Канал 1, ја одбила понудата за азил во Франција

March 18, 2022 11:08
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Уредничката на рускиот Канал 1, Марина Овсијаникова, соопшти дека дала отказ, но и дека одбила да ја прифати понудата за азил во Франција откако на руската државна телевизија истакна транспарент со порака „Стоп за војната!“ и „Тука ве лажат“.

Овсијаникова набргу потоа беше уапсена и казнета со 30.000 рубли (290 долари).

Во интервју за Франс 24, Овисијаникова соопшти дека ги „предала документите“ за раскинување на работниот однос во Канал 1. „Тоа е законска процедура“, рече таа.

Овисијаникова, која има две деца, вели дека „со овој гест го променила животот на своето семејство “, при што нејзиниот син покажал посебна вознемиреност.

„Но, мораме да ставиме крај на оваа братоубиствена војна, за ова лудило да не се претвори во нуклеарна војна. Се надевам дека со текот на времето син ми ќе сфати зошто го направив тоа“, рече таа.

Таа додаде дека и некои нејзини колеги дале отказ, но дека многумина не можеле да го сторат тоа од финансиски причини.

„Среќна сум што луѓето го кажаа своето мислење, но финансиската состојба е многу тешка и тешко е луѓето да престанат да работат“, рече таа.

Во одвоено интервју за германски „Шпигел“, Овсијаникова рече дека нема да ја прифати понудата за азил од францускиот претседател Емануел Макрон и дека ќе остане во Русија.

„Не сакам да ја напуштам мојата земја. Јас сум патриот, и мојот син. Во никој случај не сакаме да ја напуштиме земјата, не сакаме да одиме на друго место“, рече таа.

И покрај нејзиното ослободување, Овсијаникова би можела да се соочи со дополнително гонење, ризикувајќи повеќегодишна затворска казна, согласно законите донесени на 4 март со кои се ограничува слободата на говорот за војната во Украина.

Овсијаникова за германскиот весник изјави дека повеќето нејзини колеги се свесни за нивната улога во ширењето дезинформации.

„Тие многу добро знаат дека прават нешто погрешно“, рече таа.

Next Post

Градоначалникот на Кијив, Кличко: Оштетени се 6 згради и една градинка во населбата Подил

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk