Ниедна валкана кампања на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги разубеди граѓаните за тоа која партија и кои политичари се симбол на милионски грабеж, корупција и скандали, пишува во соопштението на СДСМ.
Во најмала рака е забегано тоа што најбогатата партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ која од мала жолта куќа на криминален начин дојде до бела палата вредна 40 милиони евра лажно да обивнува некого за имот. Денешната нова лага и напад врз потпретседателот Стефан Богоев од страна на Лефков потврдува ја потврдува народната изрека: Крадецот вели држте го крадецот! Сакајќи да го преансочат вниманието од сите судски пресуди и потврден криминал во своите редови, ВМРО-ДПМНЕ влегува во очајна негативна кампања без трошка достоинство или вистина во своите обвинувања, велат од СДСМ.
Белиот дворец со велелепни лустери, маси од махагони, позлатени рамки и црвени теписи стои да сведочи за корупцијата и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа истата партија чии високи функционери признаа вина за криминал, кои отвораа оф шор фирми по Белизе, истата партија за која се водат бројни судски предмети за нелегално финансирање и корупција. Тоа се истите луѓе на истите позиции кои преку лажни кампањи се обидуваат да го оправдаат сиот криминал кој веќе е докажан и потврден преку признанија на членови од сопствените редови. Граѓаните нема да наседнат на овие манипулации, пишува во партиското соопштение.
Токму Христијан Мицкоски, како најлошиот директор на ЕСМ, како советник на Груевски за енергетика, е типичен пример како од голтар во политиката се станува бизнисмен со хидроцентрали. Ги повикуваме да престанат да ја замајуваат јавноста и конечно да раскрстат со криминалците во своите редови кои од ден во ден ги признаваат по судовите сите свои криминлани афери и случаи на корупција, велат од СДСМ.





