ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕБОР: Инвестирањето во образованието и дигиталните вештини клучно за дигитализацијата во Северна Македонија

March 24, 2022 12:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Инвестирањето во образованието и во дигиталните вештини е клучно за натамошната дигитализација на Северна Македонија, покажува Извештајот за транзиција 2021-2022 што го изработи Европската банка за обнова и развој, а кој денеска беше презентиран во Скопје.

Извештајот ги анализира трендовите во 38 земји во кои ЕБОР инвестира и ги истакнува развојните јазови меѓу економиите кои напредуваат, но и на оние кои заостануваат со развојот на дигиталните сервиси.

За Северна Македонија беше оценето дека и покрај значајните подобрувања во изминатите години во различни области, сепак ниското ниво на дигитални вештини претставува ограничување кое ја забавува натамошната дигитализација. Ова е случај и со голем број економии во регионите каде ЕБОР има активности.

– Инвестициите во образованието и дигиталните вештини ќе станат уште позначајни со текот на времето, бидејќи секторите на дигитализацијата во изминативе години растат особено брзо, беше посочено од страна на претставниците на ЕБОР.

И гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, според која оценките на ЕБОР се корисни насоки каде треба да се насочат политиките, смета дека фокусот треба да биде ставен на подигнување на дигиталните вештини и намалувањето на одливот на квалификуваната работна сила, особено на онаа со дигитални вештини.

– Кај нас, напорите треба да се насочат кон посоодветна дигитална инфраструктура, но уште повеќе кон подигнување на дигиталните вештини. Најголемо внимание треба да му се посвети на намалувањето на одливот на квалификувана работна сила, особено со дигитални вештини, како и на унапредувањето на дигиталните обуки од страна на работодавачите. Колку се поограничени дигиталните вештини, толку е потешко да се користат новите технологии и поограничени се изгледите за раст, во свет којшто го презема дигиталниот сектор, истакна Ангеловска-Бежоска.

Дигитализацијата, според Ангеловска-Бежоска, е решението за подигнување на потенцијалот за раст на домашната економија и затоа мора да се посвети посебно внимание на овој дел, и покрај предизвиците што ги носат глобалните кризи.

– Во Народната банка направивме работна група за финтек-секторот, како и платформа за комуникација со чинителите во финтек-секторот ‒ Порта за иновации, со цел да ја олесниме размената на информации со нив. Неодамна спроведовме и анкета, којашто покажа дека 90 проценти од испитаниците ја препознаваат потребата од дигитални иновации во финансискиот сектор, а 72 проценти од анкетираните финансиски институции потврдија дека веќе спроведуваат некоја форма на дигитална трансформација. Народната банка веќе подготви работна верзија на првата „Национална стратегија за финтек-секторот, рече Ангеловска-Бежоска.

Согласно со индексот на дигитализација на ЕБОР, на скалата од 100, Северна Македонија е на ниво од 59 проценти во однос на неопходните услови за дигитализацијата и 48 проценти во однос на употребата на дигитални технологии од страна на компаниите и граѓаните, што, според гувернерката, е блиску до регионалниот просек, но е далеку од посакуваниот резултат. Кај регулативата и електронските владини услуги се увидува позначителен напредок, додека дигиталната инфраструктура и дигиталните вештини не се многу променети за период од пет години.

Извештајот ги анализира и развојот на макроекономските и структурните реформи во земјите каде ЕБОР инвестира. Според економистите на ЕБОР, економското опоравување во Северна Македонија започна во 2021 година и е водено од зголемената домашна и надворешна побарувачка, како и од фактот дека изгледите за раст годинава се позитивни. Но, зголемувањето на цените за електричната енергија и на храната и нестабилно надворешно опкружување, ја зголемуваат неизвесноста. Она што ќе треба внимателно да се менаџира е инфлацијата која бележи раст не само во Северна Македонија, туку и во светот. – Инфлацијата е под контрола, но ќе треба внимателно да се менаџира, препорачуваат економистите од ЕБОР.

Досега, ЕБОР во земјава има инвестирано 2,2 милијарди евра во 154 проекти, а фокусот следната година ќе биде ставен на автопатот Скопје-Блаце и на регионалниот проект за управување со цврст отпад. /MИА/.

Next Post

Елмас: Шансите против Италија се 50-50

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk