ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реновирана зградата на „Шестата управа“ во МВР, набавени се и нови униформи

March 24, 2022 12:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извршувањето на градежните работи на реновираниот објект на Одделот за заштита на определени личности и објекти (ОЗОЛО) – познат како „Шеста управа“ во Скопје, е завршено навремено и квалитетно и со тоа го добивме овој 72-ри реконструиран објект. Издвоени се финансиски средства во висина од 9,6 милиони денари од буџетот на МВР, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по посетата на реновираниот објект и работната средба со колегите од „Шеста управа“.

Потенцирајќи дека објектот на „Шестата“ управа бил изграден од сутерен и два ката, надграден со уште два дополнителни ката, Спасовски наведе дека дел од овој објект пред оваа реконструкција беше во многу лоша и незавидна состојба, имајќи предвид дека некаде во 60-ите години е граден првиот објект, доградбата е 2006 година.

– Одделот за заштита на определени личности и објекти има свој специфичен делокруг на ангажмани и на работа, задачи и ние како раководство на МВР сме должни да поведеме една поголема сметка во однос на сите аспекти од нивното работење, изјави Спасовски.

Во објектот се извршени повеќе градежно занаетчиски работи, во ентериерот реновирани се канцелариски простории, ходници, заедничките простории со нови подови, заменети се вратите во постариот дел во објектот со нови, заменета е целосно дотраената електрична инсталација, поставена е нова телефонска и интернет инсталација, нова канализациона и водоводна мрежа, нови керамички финални елементи. Целосно се реконструирани санитарните јазли, направена е нова термоизолациона сала, кровната конструкција е санирана и заменети се сите прозорци со нови ПВЦ прозорци и молеро-фарбарските работи на објектот.

–  Кога зборуваме за Одделот за заштита на определени личности и објекти вредно е да се спомене дека во 2018 година вработените тука добија нови комплет службени униформи и тоа после многу години. На крајот од минатата година 2021 исто така се набавени целосно нови униформи за повеќе организациони единици, меѓу кои и за ОЗЛО. Исто така, се набавени и униформи за моторното одделение за претходница итн., коишто се набавуваат за првпат во целосен комплет со цел да имаат добра заштита полициските службеници коишто работат, информира министерот за внатрешни работи.

За потребите на Одделението за претходница, сообраќајно  ескортно обезбедување набавени се 30 нови комплети за мотоциклистичка опрема и, како што нагласи Спасовски, оваа набавка е една од повредните со посебни заштитни кациги што се со најсовремена технологија и можат да придонесат за безбедна комуникација на овие колеги при извршувањето на своите задачи.

Тој најави дека и оваа година ќе се продолжи со плански и градежно-реконструктивни активности и на други објекти. Најави дека Центарот за обука после многу години ќе биде целосно реконструиран, како и Одделот за граѓански работи во МТВ и изградба на нова полициска станица во Аеродром при СВР во Скопје.

– Целта на нашето работење на кое што остануваме силно посветени е унапредување на стандардите на професионалното работење на сите вработени во МВР не само во поглед на материјално-техничките инфраструктурни услови за работа, туку и во поглед на стручно, организационо, системско унапредување на работата, а со тоа и на резултатите на МВР, истакна министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски./MИА/.

Next Post

Јовановиќ: Светот на Путин е манијакално биполарен, јаките ги чува до себе, послабите ги меле (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk