ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска-Силвестри: Сработката со Италија е важна за македонските евроинтеграции

March 24, 2022 17:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри. На средбата беа отворени повеќе теми, меѓу кои за  Законот за родова еднаквост, за инклузија  на лицата со попреченост, за правата на ЛГБТ заедницата. Министерката рече дека соработка со Италија е  важна за македонскиот пат кон ЕУ, особено во делот на усогласувањето на законодавството. За Законот за родова еднаквост, информираше дека денеска е формирана работна група, составена од експерти од која очекува конечната нацрт верзија да биде  готова до јуни, за да може законот да биде донесен до крајот на годинава.

„Владата интензивно работи за справување со економската, енергетската, и со кризата предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина. За  да го подобри животот на граѓаните ја покачи  минималната плата на 18.000 денари, го промени методот за усогласување на пензиите и отвори дијалогот за усогласување на останатите плати со минималната плата“, рече министерката Тренчевска.

Според министерката Тренчевска  државата е подготвена  да прими луѓе кои си заминуваат од подрачјата зафатени со војната во Украина.

Амбасадорот Силвестре се интересираше за реализацијата на проектот за изградба на станови и реновирање на куќи на ромското население, кој го имплементира италијанска невладина организација со пари од ЕУ фондовите. Тој рече дека италијанската влада ја зголеми квотата за странски работници во Италија, од 30.000 на 70.000, кои 43.000 се за сезонски работници во земјоделството и хотелиерството .

„Ние сме подготвени да дадеме поддршка на сите теми што ги работи  Министерството за труд и социјална политика,  рече Силвестри.

Двајцата соработници изразија задоволство од досегашната соработка и посочија дека во наредниот период таа да се интензивира.

 

 

Next Post

Задорожњук: 92% од Украинците веруваат дека ќе победиме

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk