ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Неотпочнувањето на преговори дава лош сигнал, а има и трети држави кои не сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ

Ние имаме политички партии со антиевропска и анти-НАТО определба коишто се класично популистички во државата, никогаш не предложиле една остварлива мерка, меѓутоа се потхранети од едни такви центри надвор од државата и коишто со такво финансирање успеваат да креираат одредено јавно мислење коешто е спротивно на стратешките определби на доминантниот дел на населението и спротивно на сите владини партнери, а тоа е полноправно членство во Европа, рече Ковачевски.

March 25, 2022 10:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА вели дека никогаш не се врзувал за датуми, дали се работи за датум за старт на преговори за влез во ЕУ или пак нешто друго, туку со реални проекти. На прашањето дали Северна Македонија ќе добие датум до јуни, тој вели: 

– Јас никогаш не сум се врзувал со датуми и од почетокот на мојот мандат не се врзував со датуми туку со реални проекти и со реални разговори коишто треба да се водат прво со ЕУ и со Република Бугарија бидејќи таму имаме дополнителен предизвик со оглед на тоа што минатата бугарска влада стави вето на отпочнувањето на првата меѓувладина конференција. Ние отворивме нов процес на разговори со Бугарија на теми коишто гледаат на иднината од областа на економијата, инфраструктурата, образованието, науката, културата и европските интеграции. Паралелно се водат разговори помеѓу министерствата за надворешни работи за решавање на отворените политички прашања. Едно прашање заради градење на доверба знаете дека беше решено, а тоа е нотата што ја испративме во Обединетите Нации за краткото и долгото име на државата, при што беше потпишан и договорот за прекугранична соработка којшто го немавме поради тоа потпишано со ЕУ и преку кој сега одредени фондови се достапни за прекугранична соработка и градење проекти за организации од двете држави. А на четирите плус едно прашања се работи од страна на МНР на Северна Македонија и Бугарија, се разменуваат идеи. Во моментов не постои документ којшто е усогласен и во моментот кога ќе постои таков усогласен документ, тој ќе биде комунициран со релевантните институции во државата и потоа и со јавноста.

Значи не можете да кажете дали до јуни ќе биде?

– Јас јуни никогаш го немам спомнато и не се врзувам за датуми, затоа што треба да имаме решение кое се заснова прво на европските вредности, а второ до коешто ќе се дојде низ комуникација, а заснован на принцип на меѓусебна почит, прво помеѓу политичарите, второ помеѓу институциите во двете држави и трето на зачувување на достоинството на граѓаните на двете држави. Само такво решение може да претставува добра основа за прво отпочнување на преговорите и второ градење на меѓусебна доверба на две соседни држави коишто треба во светот да претставуваат пример за економска и секаков вид на соработка за напредување на стандардот на граѓаните.

И последно прашање, министерот за надворешни работи пред Европскиот Парламент ги предупреди европратениците дека не само што паѓа поддршката за ЕУ, туку расте и поддршката за придружување кон таа Евроазиска унија. Знаеме дека во Северна Македонија постојат симпатии кон Русија, дали повторен пораз во нашите европски интеграции до јуни може да значи зајакнување на тоа проруско расположение кај еден дел од населението?

– Неотпочнувањето на преговори со Република Северна Македонија дава лош сигнал, бидејќи ние веќе имаме четири позитивни извештаи од страна на Европската Комисија за нашиот напредок во усогласувањето со ЕУ. Тоа дава лош сигнал како за нас така и за цел регион. Министерот за надворешни работи сподели тоа што беше дел од одредени истражувања, а тоа е дека поддршката за ЕУ е сѐ уште на исклучително високо ниво, над 68 проценти. Меѓутоа неисполнувањето на одржувањето на првата меѓувладина конференција го зголемува скептицизмот кај одредени групи, што е нормално во еден таков долг процес и не е добро. Постојат и трети држави коишто не сакаат да ја видат Република Северна Македонија како дел од ЕУ и коишто финансираат различни групи па и политички партии. Ние имаме политички партии со антиевропска и анти-НАТО определба коишто се класично популистички во државата, никогаш не предложиле една остварлива мерка, меѓутоа се потхранети од едни такви центри надвор од државата и коишто со такво финансирање успеваат да креираат одредено јавно мислење коешто е спротивно на стратешките определби на доминантниот дел на населението и спротивно на сите владини партнери, а тоа е полноправно членство во Европа. Бидејќи да не заборавиме ние сме најновата членка на НАТО, каква што станавме благодарение на тешките одлуки, меѓутоа сега гледаме колку е значајно да се биде земја членка на НАТО со оглед на тоа што безбедноста на државата се гарантира од најголемиот безбедносен и одбранбен сојуз во светот.

Next Post

Двајца Англичани купиле минибус за превоз на украински бегалци

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk