ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимоски од Енергетскиот самит во Неум: Неопходни се инвестиции и рационално трошење на енергенсите

March 25, 2022 13:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Кризата во енергетскиот сектор со која се соочува цела Европа освен што на јавноста и го откри вистинското значење на енергетската независност, во исто време ги стави инвестициите во енергетиката во фокус на владите при креирање на буџетите, истакна претседателот на Бордот на регулатори на Енергетската заедница и претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на Енергетскиот самит што се одржува во Неум, Босна и Херцеговина.

– Ако одговор на пандемијата е вакцинацијата, тогаш единствен одговор на енергетска криза се инвестициите. Европа, но и Балканот се покажа како ранлив кога енергенсите се во прашање. Цените на берзите вртоглаво растеа и растат најпрвин на електричната енергија, природниот гас, а сега и на нафтените деривати и морам да кажам дека далеку сме од стабилизација. Сега се поставува прашањето кое ценовно ниво ќе го прогласиме за нормално. Убеден сум дека повеќе никогаш нема да се вратат претходните цени на енергенсите, рече Бислимоски.

Затоа, како што нагласи тој, мора инвестициите во енергетиката да се во прв план кога државите ги кројат буџетите.

– Дополнително стратегиите за енергетика мора да ги разработат и геополитичките аспекти кога енергетската независност е во прашање, а праведната транзиција да биде спроведувана одмерено и претпазливо. Ние сите сакаме да влеземе поенергично во процесот на декарбонизација што значи подобра животна средина, но се соочивме со апсурдна состојба да се враќаат во погон постројките на јаглен низ цела Европа затоа што недостасуваше енергија поради гео политички причини. Се враќаме на она дека најскапа енергија е онаа која ја нема. Сакам да потенцирам дека во овој процес мора да се помогнат ранливите категории. Ние како регулатор покренавме инцијатива и истата се реализираше – се прошири опфатот на лица кои добиваат финансиска помош за сметките за електрична енергија и парно. Претходно инициравме и да се намали стапката на ДДВ во сметките кои ги добиваат домаќинствата, истакна Бислимоски.

Тој потенцираше дека треба паралелно да се работи и на инвестициите во енергетиката, но и рационално да се користат енергенсите.

Како што посочуваат Регулаторната комисија за енергетика, Енергетскиот самит во Неум, Босна и Херцеговина е во организација на УСАИД, УНДП, ЕУ делегација на Босна и Херцеговина и ГИЗ. Клучни регионални и меѓународни експерти од енергетската област дебатираат за предизвиците на пазарот на електрична енергија и степенот на спроведување на реформи во време на енергетска криза како и состојбата со природниот гас и улогата на обновливите извори во време праведната транзиција.

Next Post

Лавров: Западот објави „тотална војна“ против Русија со новите санкции

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk