ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Времеплов, 2 октомври 2019

October 2, 2019 07:29
in ИНФО ПИТ
1869 - Роден е Махатма Ганди, познат индиски национален водач, хуманист и политичар кој се борел за помирување и соработка меѓу Индијците со индуистичка и муслиманска вера. На 30 јануари 1948 година во Делхи бил убиен од еден индуистички фанатик. Со својот ненасилен политички и хуманистички ангажман во остварувањето на независноста на Индија станал пример и идол во целиот свет.

1869 - Роден е Махатма Ганди, познат индиски национален водач, хуманист и политичар кој се борел за помирување и соработка меѓу Индијците со индуистичка и муслиманска вера. На 30 јануари 1948 година во Делхи бил убиен од еден индуистички фанатик. Со својот ненасилен политички и хуманистички ангажман во остварувањето на независноста на Индија станал пример и идол во целиот свет.

Share on FacebookShare on Twitter

1187

Арапскиот војсководец и египетски султан Саладин го презел Ерусалим од христијаните, со што во 1189 година ја предизвикал Третата крстоносна војна.

1608

Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Либертеј го демонстрирал првиот употреблив дурбин. Познатиот Галилеј првиот дурбин го употребил кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутон го усовршиле толку многу што тој станал незаменлив инструмент во науката.

1836 – Англискиот научник Чарлс Дарвин по петгодишните истражувања на живиот свет во Јужна Америка и на островите на јужен Пацифик со бродот „Бигл“ впловил во пристаништето Фалмут. Истражувањата значително придонесле за развојот на неговата теорија за еволуцијата.
1847 – Роден е германскиот државник и фелдмаршал Паул фон Хинденбург кој во Првата светска војна бил началник на штабот на германската Врховна команда, а од 1925 до смртта во 1934 година бил претседател на Германија.

1852

Роден е шкотскиот хемичар Вилијам Ремзи, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1904 година. Тој ги открил хелиумот, аргонот, криптонот, радонот, неонот и ксенонот. Вилијам Ремзи докажал дека хелиумот се создава при радиоактивното распаѓање на радиумот.

1869

Роден е Махатма Ганди, познат индиски национален водач, хуманист и политичар кој се борел за помирување и соработка меѓу Индијците со индуистичка и муслиманска вера. На 30 јануари 1948 година во Делхи бил убиен од еден индуистички фанатик. Со својот ненасилен политички и хуманистички ангажман во остварувањето на независноста на Индија станал пример и идол во целиот свет.

1870

Рим станал главен град на обединета Италија.

1904

Роден е англискиот писател Грејм Грин, суптилен аналитичар на психата. Дела: романите „Брајтонска карпа“, „Моќ и слава“, „Крај на љубовта“, „Монсињор Кихот“, „Доктор Фишер од Женева“, „Третиот човек“ и други.

1924

Друштвото на народите го усвоило Женевскиот протокол за мирно решавање на меѓународните спорови.

1935 – Италија ја нападнала Абисинија (Етиопија). Италија користела најмодерно оружје и забранети боеви отрови. Етиопија под нејзина окупација останала до 1941 година.

1944

По 63 денови исполнети со тешки борби било задушено востанието на жителите на Варшава, во Полска. Востаниците херојски се бореле, но не можеле да им се спротивстават на многу помоќните сили на германскиот окупатор, кои сурово се пресметале со востаниците. Во востанието загинале околу 250 илјади жители на Варшава, а самиот град бил речиси разорен.

1958

Француската западноафриканска колонија Гвинеја се стекнала со независност.

1967

Во Скопје, во салата на ДТВ „Партизан III“, двајцата ентузијасти, пропагатори на боречките спортови – Атанас Којчевски, професор по физичко воспитување и Сејдо Теофиловски, студент, со 117 младинци го одржале првиот час по карате во Македонија.

1973

Умрел финскиот тркач Паво Нурми, кој на долги патеки освоил девет златни медалји на Олимписките игри во 1920, 1924 и во 1928 година. Светскиот рекорд го соборувал дури 29 пати.

1985
Во својата вила во Беверли Хилс, Лос Анџелес, САД, умрел Рок Хадсон, еден од најпознатите и најпродуктивните американски актери по Втората светска војна. Роден бил во државата Илиноис, на 17 ноември 1925 година.

1990

На аеродромот во кинескиот град Гуангџои загинале 127 луѓе кога киднапиран кинески авион удрил во два авиона кои биле на аеродромската писта.

1992

Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржале протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија.

1994

Во Пробиштип била осветена новоизградената црква „Пресвета Богородица“.

1996

Поранешниот бугарски премиер Андреј Луканов бил усмртен со огнено оружје пред својата куќа во Софија.

1998

Жан Пол Акајес, бивш мајор на армијата на Руанда, обвинет за геноцид и злосторство врз човештвото, во Хаг бил осуден на три доживотни казни.

2000

Во Скопје умрел Александар Ивановски, македонски новинар, еден од основачите на весникот „Вечер“. Роден бил во Скопје, на 21 февруари 1937 година.

2006

Успешно се спуштила на земјата првата вселенска туристка Ануша Ансари, Американка од иранско потекло. И покрај малите проблеми во текот на првиот ден од летот, таа успешно и во целост ги извела сите научни експерименти при престојот во Меѓународната вселенска станица. Родена е во Техеран во 1967 година, а емигрирала во САД во 1984 година. Престојот во вселената ја чинел 20 милини долари.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

Плановите на ЕУ да се исчисти од руските фосилни горива

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk