ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Без попис некако поубаво се живееше

Што ли ќе биде кога за неколку месеци ќе се објават сите податоци од пописот, па ќе видиме колку сме просечно образовани, најадени, разведени, здрави, измиени... Без попис некако поубаво се живееше, си имавме високо мислење за себе, лични и симпатични

March 31, 2022 09:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Откако вчера официјално се објавија првичните пописни резултати, се расчисти барем една политичка „магла“: се попишаа 3.504 Бугари, најслободно, како што доликува на мултиетничка и мултикултурна демократија. И сѐ според ЕУ пописните техники и стандарди, без ниту еден сериозен приговор. И тоа е тоа.

На нашите пријатели во Бугарија ќе им треба прилично време за да разберат дека продавањето илјадници бугарски/ЕУ пасоши на Македонци не е добар рецепт за формирање на нивната официјална политика кон нашата земја. Таму не попишуваат граѓани според етничката припадност, но и непопишани, со ваквата пасош-политика, добија стотина илјади бугарски државјани „со македонски происход“, а не обратно.

Дека вакво нешто ќе им се случи, со години дискретно и добронамерно им се укажуваше од Скопје, без некоја задна намера. Но, Софија самата одлучи да ги следи политиките на Каракачанов, на шоуменот Слави Трифонов, на „фронтот“ проруски социјалистички дејци и на радикалните националисти во ГЕРБ, со нивните балкански национал-шовинистички агенди. Па сме сега таму каде што сме. Бараат овдешната етничка реалност да ја прилагодуваме на нивните политички фантазии. А кога им се кажува дека фантазираат, тоа се зема како „доказ“ за водење анти-бугарска кампања во Македонија. Ја злоупотребуваат позицијата на 3.504 овдешни Бугари за да си ги расипат односите со еден милион резидентни Македонци, од кои на десетина отсто им издале бугарски, европски пасоши. И си се вртат во кругот на самозалажувања, нема како да им помогнеш.

Тоа истото се однесува на македонскиве националистички фантазери. Најгласни против пописните резултати се токму од нивните редови, оние кои повикуваа на бојкот на пописот. Некои се пишманија, иако штетата веќе ја направија. Други до крај политички ја опструираа таа статистичка операција, па сега не им се допаѓаат резултатите, а 7,3% од населението и заради тоа остана без волја да го искористи правото идентитетски да се изјаснат. Ја отруја (и сѐ уште ја трујат) македонската етничка дијаспора со пораките за поделби и омраза, им ургираа на луѓето да не се попишуваат, да прават петиции, опструкции, протести… И, каде се голем број етнички Македонци во пописните резултати од дијаспората? Ги нема.

Нормално, сега државата е виновна за тоа, а не овие кои, со мозок на кокошки, направија сѐ луѓето да не се попишат. Е, кога „кокошкарите“ ќе дошле на власт овдека, они таму ќе ги попишеле. Браво, голема услуга направија за „македонската кауза“ што им ги грее срцата, оти мозокот им е ставен на одморање.

Но, кога ќе поминат овие четири-пет дена на пописни анализи, а фејсбук-експертите за вакцини, за енергетика, за европската и светска безбедност, за фудбал, за морал и за статистика ќе си најдат нова тема за тролање, пописните податоци ќе останат да сведочат за времето во кое живееме: многумина си заминале од државата, оние што останале многу сакаат да си купат стан и да живеат во Скопје, просечно сме остареле за десетина години во изминатите дваесет, а и деца сѐ повеќе нѐ мрзи да правиме… Што ли ќе биде кога за неколку месеци ќе се објават сите податоци од пописот, па ќе видиме колку сме просечно образовани, најадени, разведени, здрави, измиени… Без попис некако поубаво се живееше, си имавме високо мислење за себе, лични и симпатични.

Патем, само кај етничките резидентни Македонци бројката на мажи е помала од онаа на жени, додека кај сите други етникуми е обратно! Не може да е овој податок случаен, мора да е некој антимакедонски заговор во прашање, само уште не може да ми текне каков?!

 


Преземено од ЦИВИЛ Медиа. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post
François Lapierre

Патент

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk