ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Огнен Малески: Протерувањето на 5 руски дипломати е целосно во функција на заштита на македонските национални интереси

March 31, 2022 14:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сведоци сме дека голем дел од македонската јавност нема јасна претстава што се случува во Украина. Се чини дека големиот број цивилни жртви на украинскиот народ и огромните материјални разорувања не се доволни да се сфати сета жестокост на руската агресија. За мене е несфатливо да тие што го оправдуваат „правото на посилниот“, остро се спротивставуваат на примената на тој принцип кога во прашање е нашата земја, вели во разговор за „Локално“, поранешениот амбасадор и претседател на Дипломатскиот клуб, Огнен Малески.

Според него, протерувањето на руските дипломати од земјава може да фрли дополнителна сенка на билатералните односи, објаснувајќи дека потегот е неизбежен во вакви ситуации бидејќи е применуван од страна на многу земји.

„Причините за ваквиот чекор на македонската страна е јасно наведена во (вообичаено за вакви случаи) кусото соопштение на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија: согласно информациите добиени од надлежните органи, посочените пет руски дипломати извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена. Таквиот потег никогаш не е посакуван и секако може да фрли дополнителна сенка на билатералните односи, но е неизбежен во вакви ситуации и применуван од страна на многу земји, вклучувајќи ја и Руската Федерација. Притоа треба да се има предвид и актуелната меѓународна ситуација предизвикана од агресијата на Руската Федерација на Украина, која без сомнение ја прави целата работа многу почуствителна. Оттаму, спротивно на тврдењето на г-ѓа Захариева, сметам дека потегот е целосно во функцијата на заштита на македонските национални интереси. Од друга страна, убеден сум дека протерувањето на петте дипломати нема во многу да го попречи функционирањето на руската Амбасада, со оглед на тоа што во неа и натаму ќе работат дузина дипломати и двајца воени аташеа“, вели Малевски.

Интервјуто со Огнен Малески, прочитајте го на „Лаколно“.

Next Post

Пописот ни кажа јасно - Македонија не е националистичка, туку Европска земја, и така треба да остане!

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk