ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Медиумска писменост за дигитализација без дезинформации

March 31, 2022 17:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потребна ни е медиумска писменост за да спроведеме дигитализација без дезинформации, рече претседателот Стево Пендаровски, обраќајќи се на денешната конференција во Прилеп на тема „Дигитализација“. Конференцијата е прва од неколкуте кои ги организира Амбасадата на Република Франција во рамките на француското претседателство со Европската Унија, јавува МИА.

Претседателот Пендаровски  ја нагласи важноста на дигитализацијата како предуслов за економски развој, за транспарентни, одговорни институции и за квалитетни јавни услуги што ќе ги задоволуваат потребите на граѓаните.

-За таа цел, уште на почетокот на мојот мандат го иницирав проектот „МКД2030“ како наша, автентична стратешка рамка за развој до крајот на оваа деценија. Наскоро ќе го промовираме тој проект во јавноста, но, уште од сега е јасно дека еден од основните постулати за развојот да биде можен е тој да биде – дигитален, истакна пендаровски.

Говорејќи за дигиталната сфера како основа за напредок, Пендаровски посочи и на еден од клучните предизвици – големиот обем на дезинформации и брзината со која се шират преку дигиталните платформи и социјалните мрежи.

-Оние кои стојат зад кампањите за дезинформирање ги злоупотребуваат слабите страни на општеството, ја намалуваат неговата отпорност, ја поткопуваат довербата кон институциите и, за жал, успешно ги продлабочуваат поделбите меѓу луѓето, смета претседателот Пендаровски, посочувајќи дека лажните вести и дезинформации успеваат особено во периоди на неизвесност, каков што е овој сега, оптоварен со пандемија, војна, економска и енергетска криза.

Претседателот Стево Пендаровски посочи на лажните вести поврзани со КОВИД-19, како и на бројните примери во последниов месец, кај нас и во поширокиот регион, кога се нанесува штета на економијата, креирајќи паника меѓу населението кое ги празни продавниците со животните продукти. Решението лежи во дигиталното описменување, во создавање на информирани и дигитално одговорни граѓани.

Пендаровски се обрати до младите, носители на вештините и знаењето.

-Со вашите вештини и знаења, со вашето разбирање на дигиталната сфера, вие, младите, можете да станете пример за активни и одговорни дигитални граѓани. Со тоа ќе помогнете во развивањето на дигитална отпорност која вклучува едуцирање на дигиталните заедници од сите генерации за вештините неопходни за полесно препознавање на лажните вести, рече на денешната конференција „Дигитализација“, претседателот Стево Пендаровски.

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер рече дека во овој период, одбележан со многу кризи, со своевиден драматичен пресврт на светот, се случува нов вид на Европа и од тоа сме засегнати сите, вклучувајќи ги и жителите на Република Северна Македонија на која утрешната ЕУ ќе биде и нејзина Унија.

-Го отворам овој циклус на конференции кои ќе се случуваат во рамките на француското претседателство со Европската Унија. Таа ретка прилика која се случува на 13,5 години се случува во посебен контекст: одбележан со големи кризи, со своевиден драматичен пресврт на светот. Европа покажува капацитет на адаптирање, исклучителен и признат како таков. Соочени со состојбата во Украина, Европа покажува невидена желба за автономија. Она што е фрапантно е она што ние сега го спроведуваме помеѓу Европејците во овој драматичен контекст, непредвиден и невиден досега, одговара со агендата на француското претседателство со Советот на ЕУ кој е инспириран од говорот на францускиот претседател во септември, неколку месеци по неговото назначување. Уште многу треба да изградиме, но погледот кон Европа полека се менува. Се случува нов вид Европа и од тоа сме засегнати сите, зашто утрешната ЕУ ќе биде и ваша Унија, на сите вас Македонците, а од тоа сме засегнати и сите ние зашто во овој нов геополитички контекст, стратешкиот интерес за европска интеграција на Западен Балкан сѐ повеќе се зацрвстува, а тоа особено значи за Северна Македонија. Тоа беше точно вчера, но е уште поочигледно и денес и, ние сите, секој на своето место што му припаѓа сме мобилизирани за да ја постигнеме таа заедничка цел, а тоа значи: што е можно побрзо отворање на претпристапните преговори за членство во ЕУ. Прашањето за нас е како, овде во Северна Македонија да заживее овој дел од годината со француското претседателство. Од претседателството сакавме да направиме повод да зборуваме за Европа на теми кои се поразлични од вообичаените овде. Унијата се соочува со невидени предизвици, има желба да ги надмине и од тоа сме засегнати сите, рече Баумгартнер.

Елена Стојановска, консултант од областа на заштитата и безбедноста на личните податоци смета дека во процесот на дигитализација има и нарушување на личните податоци. Тоа често им се случува на компании, поединци.

-Носењето на регулативата за заштита на личните податоци наметна одговорност за транспарентност кај компаниите кои целата своја активност ја базираат на обработката на личните податоци. Никој од нас не размислува каде, во која држава се наоѓаат нашите лични податоци. А порасна потребата од дигитални услуги. Дојдовме до ситуација дека сите треба да признаеме и да ја поделиме одговорноста во заштитата на приватноста во дигиталниот простор.Треба многу повеќе да разговараме за тоа од каде и од кого ќе бараме одговорност доколку ни се случи нешто при користењето на интернетот или пак на некоја дигитална услуга.

Секогаш треба да знаеме врз основа на што споделуваме наши податоци. Дали нашата согласност му е доволна на оној од другата страна, па и да врши профилирање за нас, рече Стојановска.

Бојан Кордалов, комуниколог од Институт за добро управување и евроатлантски перспективи смета дека лажните вести наидуваат на плодна почва поради недовербата на институциите. Потребни се транспарентни институции и медиумска и дигитална писменост.

-Голема е потребата да се избориме со лажните вести и информации, а за то ни се потребни медиумска и дигитална писменост.

Можеме да бидеме заштитени доколку бидеме едуцирани, доколку институциите се транспарентни. Кај нас дигитализацијата не се смета само како предност, туку и во одреден дел се смета како составен дел од теории за заговор. Кај нас довербата во институциите е многу мала и тоа е една од причините зошто лажните вести или дезинформациите фаќаат плодна почва. Клучот е во институциите, добрите јавни услуги, квалитетни и навремени, рече комуникологот Кордалов.

Оваа е прва од низата конференции во рамките на француското претседателство со ЕУ. Завршницата ќе биде со голем културен настан во Скопје за време на денот на музиката.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Влада: Економските мерки поттикнаа раст на индустриското производство во февруари

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk