ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ на средба со Буриќ: Целосна поддршка за реформите и патот кон членство во ЕУ

April 1, 2022 17:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ Фото: Фронтлајн

Бојан Маричиќ Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter
 Унапредување на соработката во спроведувањето на реформските процеси, како и состојбите и перспективите во евроинтегративниот процес на Северна Македонија и регионот, биле теми на разговор на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ  и генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ денеска во Стразбур.

– Во изминатите пет години преземавме обврска да спроведеме европски реформи и не сме застанале со нивната реализација, со цел да им обезбедиме на нашите граѓани европски стандарди и да ја приближиме земјата кон ЕУ и во овој аспект соработката со Советот на Европа, преку одличната комуникација со Канцеларијата во Скопје, има посебен удел во исполнувањето на тие реформи, преку спроведувањето заеднички проекти, комплементарни на реформската агенда, истакнал вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ и Буриќ, како што соопшти СЕП, потврдиле дека Северна Македонија и Советот на Европа остануваат партнери во зачувување на европските вредности и дека делат исти приоритети на полето на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Генералната секретарка на Советот на Европа изразила очекување дека Владата, како и досега, ќе продолжи со конструктивната соработка со бројни експертски тела на Советот на Европа со цел да придонесе за постигнување на основните цели.

Таа, како што е наведено во соопштението, смета дека се направени многу крупни чекори и постигнати се конкретни и одржливи резултати преку реализацијата на европската агенда.

Маричиќ накратко ја информирал Пејчиновиќ-Буриќ за приоритетите во процесот за приближување кон европските стандарди за претстојниот период и во тој контекст заеднички ги разгледале можностите за унапредување на соработката во спроведување на новите проекти за поддршка на реформите кои се предвидени од страна на Владата.

Двајцата се согласиле дека Северна Македонија ги исполнува сите услови за почеток на преговорите, што се  потврдува и во Извештајот за напредокот од страна на Европската комисија, но и во меѓународните извештаи како Транспаренси Интернешнал, Фридом хаус, ГРЕКО и други, како и дека е од интерес и на земјата и на Унијата да се отстранат сите пречки за отпочнување на пристапните преговори.

Соговорниците размениле мислења за актуелната ситуација во Украина, а Пејчиновиќ-Буриќ го информирала вицепремиерот Маричиќ за активностите што ги презема Советот на Европа.

извор: МИА

 

Next Post

МНР: Средбата на историската и образовна комисија во позитивна атмосфера и размена на ставови

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk