По дојава од жители од селото Бујковци како што пренесе ТВ Телма дека наводно паднало некакво летало, дрон или друг објакт, од МВР за Канал 5 рекле дека постапиле по дојавата и излегле на самото место, но немало никакво летало.
Во меѓувреме, како што пренесува Канал 5, се јавиле во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба и во други релевантни институции, од каде исто така рекле дека немало никакво сомнително летало во атарот на Арачиново.
Според неофицијални информации очевидци виделе бело летало кое леталео многу ниско и се сомневале дека подоцна паднало..
Некои шпекулации велат дека е можно и да паднал дрон како оној во близина на Загреб,но од МВР велат дека ниту од цивилната пловидба ниту од другите надлежни служби веста дека имало пад на некакво летало, не е потврдена.





