ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Меѓународниот ден на проверката на факти се одбележува преку напори да се фрли светло врз војната во Украина

April 2, 2022 15:56
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

За првпат во историјата на човековото војување, војната во Украина се одвива под будното око на организирана меѓународна заедница на проверувачи на факти, чија главна мисија е овојпат вистината да не биде првата жртва во моментот кога ќе почнат да летаат куршумите.

И оваа година глобалната заедница на проверувачите на факти, собрана во рамките на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN), во која веќе членуваат организации од над 100 земји ширум светот, го одбележува 2. Април – Меѓународниот ден за проверка на факти.

Но, за разлика од сите претходни години, овојпат одбележувањето се одвива во сенка на војната во Украина, најголемиот воен судир на европско тло од Втората светска војна, кој во своето шестнеделно траење одзеде илјадници животи на двете страни и расели над 4 милиони жители на Украина.

За оваа војна се вели дека е медиумски најмногу покриена досега, во што, се разбира, главна улога има подемот на социјалните мрежи, но, од друга страна, пак, таа се води и под будното око на раширена мрежа на проверувачи на факти од Украина, од европскиот континент и ширум светот.

Фронтлајн.мк е меѓу првите медиуми во земјата што започна со објавување на релевантни вести за руската агресија врз Украина, во месеците кога руската армија трупаше војска и тешко вооружување на украинските граници во 2021 година.

Речиси паралалено со почетокот на воените дејствија, проверувачите на факти се организираа и преку иницијативата #UkraineFacts од едно место ги направија достапни своите истражувања и анализи, овозможувајќи ѝ на меѓународната јавност брзо и едноставно да биде информирана за тоа кои се дезинформациите што кружат во медиумите, на социјалните мрежи, обидувајќи се, барем донекаде, да ја разретчи „маглата на војната“, која отсекогаш се насобира веднаш штом оружјето го зема приматот пред политиката во односите меѓу државите.

Проверувачите на факти, при создавањето на #UkraineFacts, го искористија претходно стекнатото искуство при почетокот на ковид пандемијата, кога беше стартувана иницијативата #CoronaVirusFactsAlliance,преку која ја информираа меѓународната јавност за бројните дезинформации, сѐ со цел да го заштитат јавното здравје и во своите земји, но и на глобално ниво и тоа особено во првите недели и месеци од пандемијата, кога дезинформациите наголемо ширеа страв, паника, несигурност, гнев, но и опасни лаги, кои понекогаш чинеа и човечки животи.

Вистиномер, како член на IFCN, заедно со своите сестрински медиуми во издание на Фондацијата Метаморфозис – агенцијата Мета и порталот Порталб (кој деновиве прослави 10 години од своeтo постоење), полноправно учествува во сите овие меѓународни иницијативи, упорно работејќи на промоција на фактите, раскринкување на дезинформациите, разобличување на теориите на заговор и расветлување на измамите и кај медиумите и на социјалните мрежи. Само во изминатите 6 недели од почетокот на војната во Украина, Вистиномер веќе има објавено речиси 50 дебанкирања на најразлични дезинформации поврзани со оружениот судир.

 

Next Post

Украинските власти тврдат дека ја вратиле контролата над 30 населени места во близина на Кијив

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk