ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Членството на нашата држава во Алијансата е значајно за регионалната безбедност и стабилност

Членството на нашата држава во Алијансата е особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој денеска организираше прием во МНР, по повод Денот на НАТО.

April 4, 2022 11:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членството на нашата држава во Алијансата е особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој денеска организираше прием во МНР, по повод Денот на НАТО, пренесува МИА.

Османи во своето обраќање ги истакна придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО, оценувајќи го како историски успех и најзначајно надворешно – политичко постигнување. 

-Алијансата е поддржувач на евро-атлантска ориентација на нашиот регион, посветена на безбедноста и стабилноста на земјите од Западен Балкан, регион од стратегиско значење на НАТО, со кој има долга историја на соработка и спроведување на операции, кои го овозможија мирот и стабилноста. Вонредната ситуација на европскиот континент покажува дека проширувањето на ЕУ е првенствено безбедносна политика и затоа во оваа прилика упатуваме уште еден силен апел до Унијата за проактивен пристап и забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што е од суштински интерес за зачувување на безбедноста на Европа, потенцираше Османи.

Воедно, министерот нагласи дека руската инвазија во Украина, придонесе за зајакнување на единството кај земјите членки, поголема соработка во насока на градењето отпорност и одвраќање на Алијансата од еминентните закани, како и зајакнување на соработката со земјите партнери на Алијансата.

На приемот учествуваше и премиерот Димитар Ковачевски, но и високи владини функционери, претставници на дипломатскиот кор и други значајни институции во земјава.

-Одлучни сме во нашата осуда на руската нелегална инвазија на Украина. Ја почитуваме храброста на украинскиот народ со која ја бранат нивната држава, нивниот суверенитет и територијален интегритет. Целосно го поддржуваме фундаменталниот принцип дека сите земји имаат право да го изберат својот сопствен пат, своите надворешно – политички приоритети и безбедносни аранжмани, нагласи Ковачевски.

Дополнително, како што соопштија од МНР, со присутните гости беа разменети мислења за актуелни регионални теми и прашања од заеднички безбедносен интерес, хуманитарната криза предизвикана од војната во Украина и нејзиното влијание врз земјите членки на Алијансата, идните планови и способности за зајакнување на одбраната на НАТО, како и новиот Стратешки концепт кој ќе обезбеди подготвеност на НАТО да одговори на секој предизвик во современото безбедносно опкружување.

Next Post

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk