ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Подготвен е Национален план за поддршка на производството на храна

April 4, 2022 16:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку посебен „Национален план за поддршка на производството на храна“, ќе го зголемување производството на стратешките земјоделски култури, изјави Николовски, на денешната прес конференција, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот Николовски посочи дека е подготвен „Национален план за производство на храна“, којшто содржи мерки чијашто цел е одржливо и зголемено производство на стратешките земјоделски производи односно на поледелските култури и којшто ќе биде доставен до Владата. Планот е подготвен врз основа на детални анализи на Министерството за земјоделство и Министерството за финансии, но и како резултат на повеќе средби со економските и социјалните партнери, земјоделците, Факултетот за земјоделски науки и храна и потсекторската група за жито.

„Со Планот, предвидуваме измена во Програмата за интервентен фонд, односно се зголемува поддршката за набавка на вештачки ѓубрива за пченица на 4.000 денари по хектар, доколку минимум е употребено 200 килограми ѓубриво по хектар. Тоа значи дека државата субвенционира околу 40% од трошоците за набавка на вештачко ѓубриво за површини со пченица“, рече министерот Николовски.

За оваа субвенција може да аплицираат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кои во производната 2021/2022 година имаат засеани површини со пченица и имаат набавено вештачки ѓубриња за прихрана на посевите во период од 01.12.2021 до 31.05.2022 година. Рокот за поднесување на барања  е до 15 јуни 2022 година, а се подготвува и модел за исплата на субвенцијата, за да можат земјоделците навреме да извршат прихрана на посевите под пченица.

„ Исплатата ќе се врши на неделна основа, за да можат земјоделците веднаш  оваа поддршка да ја искористат за навремена прихрана на посевите со пченица. Односно, секоја недела по поднесување на барање предвидено е да се врши исплата. На пример, од понеделник до петок до 12 часот ќе се вршат прибирања на барањата во Подрачните единици на МЗШВ, потоа истиот ден се праќаат до Платежната агенција, таму се обработуваат од понеделник до среда, во четврток се носат во трезор и веќе во петок се исплаќаат„ изјави Николовски.

Дополнително за зголемување на производството и на приносите од пченица, со Планот се предвидени и неколку измени во постоечката Програма за финансиска поддршка во земјоделство. Сите земјоделци коишто ќе остварат минимум 4.000 килограми приноси по хектар пченица, ќе добијат дополнителна субвенција од  5.760 денари по хектар.

„Околу 6.000 производители на пченица коишто имаат повеќе од еден хектар површини со пченица, ќе имаат можност да добијат по околу 6.000 денари по хектар дополнителна субвенција доколку имаат принос од 4.000 килограми по хектар. Оваа мерка опфаќа над 22.000 хектари со пченица. На овој начин ги мотивираме земјоделците навремено и со потребните количини да извршат прихрана на посевите,  за да остварат зголемено производство на пченица, и со тоа да придонесат кон вкупното зголемување на производство на пченица“,  изјави министерот Николовски.

При тоа, Николовски посочи дека ова се само дел од мерките предвидени во подготвениот „Национален план за производство на храна, кој што опфаќа и нови мерки во Интервентен фонд, измени во Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, наменски огласи за доделување на земјоделско земјиште за поледелски култури, предвремено пуштање на системите за наводнување, законски измени, стратегија за производство на храна и важни култури во 2022 година.

Next Post

Влада: Ги подобруваме условите на лицата со попреченост

Shortcut

Најново

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk