ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Секогаш кога ќе зборувате за големата руска култура…

April 5, 2022 13:18
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ОЛЕНА ПШЕНИЧНА

Секогаш кога ќе зборувате за големиот руски балет, ќе ви ја раскажувам приказната за младата учителка од Бровари која повеќепати била силувана пред очите на нејзините родители, а потоа била киднапирана од руските нелуѓе. За околу десетици, можеби и стотици силувани украински жени. Често пред очите на децата. За 15-16-годишните девојки од Бородјанка кои претрпеа страшно насилство од кадировци. За телата на пет силувани млади девојки кои биле убиени и оставени на пат. За тоа одвратното „ќе ги е**ме хохлушките“ при пресретнување. Ете што ќе ви кажам како одговор за таканаречениот голем руски балет.

Секогаш кога ќе ми зборувате за големите руски композитори, ќе ви ја раскажам приказната за девојчето и нејзиниот помал брат пред чии очи неколку дена умираше нивната мајка во подрум во Мариупол. А потоа со трупот на мртвата мајка, децата биле принудени да продолжат да се кријат во подрумот од гранатирањето. За момчето од Гостомел, пред чии очи руски војници го застрелале неговиот татко. А потоа сакале да го убијат и синот, но тој преживеал. За девојката која ја застрелале директно во лице. За детенцето кое побегнало со баба му во чамец. Баба му се удави. А момчето го бараат веќе речиси еден месец. Ете што ќе ви кажам како одговор за таканаречените големи руски композитори.

Секогаш кога ќе ми зборувате за големото руско сликарство, ќе ви раскажувам за мирните Украинци застрелани во грб во Макаривскиот регион. А пред да пукаат, орките им ги врзувале рацете. За околу стотици трупови на улиците на Буча, Ирпин, Гостомел. За масовните гробници во дворовите на станбените населби. Масовни гробници со цивили на до неодамна пријатни и безбедни градови. Масовни гробници. Во 21 век. Ете што ќе ви кажам како одговор за таканареченото големо руско сликарство.

Секогаш кога ќе ми зборувате за големиот руски театар, ќе ви ја раскажам приказната за една жена од Броварската област, од чија куќа руските мародери се повлекувале и го отстраниле металниот покрив. За тенковите и оклопните транспортери на „Втората армија на светот“, натоварени до врв со украденото од украинските домови. Украдени телефони, таблети, телевизори, машини за перење, теписи, накит, шишиња алкохол, тави, облека, играчки, чевли – сè што им се најде на патот на овие изроди. За тоа како кога пристигнале во Белорусија, тие понатаму го испратиле својот плен во русија. За тоа како тргувале со украдените производи на белоруските пазари. Ете што ќе ви кажам како одговор за таканаречениот голем руски театар.

Секој пат кога ќе ми зборувате за големата руска кинематографија, ќе ви раскажувам за брутално застреланите коњи во шталите во Кијивската област. За животните од зоолошката градина во Јасногородка, измачени од глад и жед. За кожата на елените изгорена по експлозија. А сега за максимално дивјаштво… За алабајот убиен и изеден од руските окупатори. Да, алабај. Да, куче. Да, изедено. Ете што ќе ви кажам како одговор за таканаречената голема руска кинематографија.

Секогаш кога ќе ми зборувате за големата руска литература, ќе ви раскажувам за десетици пресретнувања на разговори на руски војници со нивните мајки и сопруги. Разговори во кои нема ништо освен пцовки. Разговори во кои сопругите нарачуваат што да им украдат во украинските домови. Разговори каде мајките се смеат кога нивните синови кажуваат како нивните сограѓани силуваат хохлушки. И ако од овие разговори се исфрлат сите пцовки, ќе останат само „здраво“ и „чао“. Ете што ќе ви кажам како одговор за таканаречената голема руска литература.

Веќе нема никаква голема руска култура, литература, кино, сликарство, театар и балет. Има земја на изроди, ограбувачи, силувачи и убијци. Диви луѓе на кои им нема место во цивилизираниот свет!

А долготрпеливите нови руски дисиденти во пријатните станови на Берлин, Лондон, Ларнака, Милано, Тбилиси, Астана, Виена и другите привремени засолништа, нека ја следат рутата на рускиот брод, гордо носејќи ја во рацете големата руска култура!


Авторката го објави овој текст на својот ФБ профил.
Линк до фотографии (ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА)
Next Post

Генерален штрајк утре ќе ја парализира Грција

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk