ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„ Аудиција сега !“: Дел од барањата се прифатија, се надеваме дека бргу ќе се реализираат!

April 5, 2022 16:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 100 дипломирани театарски уметници  и работници , меѓу кои има актери, режисери, драматурзи и продуценти, кои со години се невработени ,  притиснати од егзистенцијални проблеми, ја формираа иницијативата „ Аудиција сега !“. Тие денеска имаа средба со министерката Бисера Костадиновска Стојчевска , за решавање на нивните проблеми.  ФРОНТЛАЈН,  имаше можност да разговара со нив по средбата со министерката и да дознае подетално за целата идеја, реализација – но, и реакција од страна на Министерството за Култура на барањата.

Прашањата ги одговорија:  Јанка Лефкова, дипломирана актерка, Милош Андоновски, дипломиран режисер, Ева Камчевска, дипломиран драматург и драмска авторка, Петар Антевски, дипломиран продуцент.

ФРОНТЛАЈН.МК:  Денеска имавте средба со министерката за Култура, како помина и дали мислите дека ќе се разгледаат темелно и ќе се прифатат вашите барања?

МИЛОШ:   Дел од барањата се прифатија и на нивното реализирање, се надеваме, ќе се пристапи во најкраток можен рок. Ќе се формира работна група со претставници од иницијативата, министерството, НУТ и НУЦК, како и од државните и првиатните академии и факултети, која ќе работи на креирање на стратегија за вработување на кадри, транспарентност и формирање онлајн датабаза на сите дипломирани, невработени или невработени по струка театарџии.

Претставници од инцијативата ќе бидат повикани да учествуваат и во работната група која ќе ја развива четиригодишната национална стратегија за култура.

Исто така, претставници од иницијативата ќе учествуваат и во креирањето на следниот Годишен конкурс, во делот на ревидирање на  критериумите и приоритетите за бодување и оценување на проектите. Секако, беше потенцирано дека, како иницијатива, сакаме измените во конкурсите да продолжат да важат долгорочно, а не само за таа година.

Иницијативата доби зелено сцетло и за барањето за задолжително ангажирање на минимум по еден невработен актер, по пат на отворени аудиции, во секоја инсититуционална продукција на претстава и ангажирање на минимум по еден невработен режисер во институција, во рамки на годишните програми на националните установи, а министерството ќе започне да ја изработува потребната документација за тоа.

Претставници од „Аудиција СЕГА!“ ќе бидат дел и од работната група што ќе работи и на Законот за јавен интерес во културата.

ФРОНТЛАЈН.МК:  „Аудиција СЕГА!“ ни покажа всушност дека имаме млад и талентиран кадар на млади театарџии кои сеуште немале можност да застанат на штиците поради системските лавиринти. Како започна идејата за оваа иницијатива  и дали мислите дека оваа иницијатива ќе ги смени работите и дека ќе се реализираат навистина тие барања?

ЈАНКА: Идејата за оваа иницијатива започна од група невработени актери коишто досега не успеале да се вработат во било која театарска национална установа, а секако ги вклучува и останатите театарски работници: режисери, драматурзи/драмски автори и продуценти. Искрено, се надеваме дека нашата иницијатива ќе успее да ги смени работите и дека дел од барањата ќе се реализираат и ќе можат да се применуваат и практикуваат во иднина, не само на краткорочен, туку и на долгоречен план. За сега, добивме зелено светло на неколку од нив од министерството за култура.

ФРОНТЛАЈН.МК: Кои се вашите конкретни барања кои се упатени до Министерството за Култура ,а воедно и до Културните центри во државата?

ЈАНКА: Листата на нашите барања е следнава:

  • Формирање на работна група со претставници од „Аудиција СЕГА!“, од државните и приватни драмски академии во земјава, од националните установи театри и центри за култура, кои ќе работат на креирање на Стратегија за отворање на нови работни места и креирање на Електронска база на податоци на дипломирани театарски работници.
  • Отворање на нови работни места во НУ-театри и НУ-центри за култура во следните две години, за вработување на минимум 60% од невработените дипломирани театарски работници, државјани на РСМ.
  • НУЦК кои имаат технички, просторни и логистички капацитети за креирање на репертоарски политики (како што се центрите за култура во Кочани, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Кичево), да започнат процес на вработување театарски работници и креирање ансамбли.
  • Во секоја НУ-театар и НУ-центар за култура да се ангажира на најмалку по еден невработен актер во секоја театарска претстава, која не е монодрама или дуодрама по пат на отворена аудиција. Исто така, да се обезбеди ангажман на по еден невработен театарски режисер, секоја година, во рамките на планираната Годишна програма на овие установи. Секако, тука е и барањето за распишување на конкурси за драмски текстови од македонски автори, кои ќе бидат поставени на театарската сцена.
  • Последното барање се однесува на ревизија на Критериумите и приоритетите, врз чија основа ќе се оценуваат проектите поднесени во рамките на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес (во категоријата „други корисници“). Тука спаѓа и барањето за зголемување на буџетите за оваа категорија на проекти, како и бројката на ангажирање на невработени театарџии во нив.

 

ФРОНТЛАЈН.МК: Во поглед на независната театарска сцена, дали мислите дека поставените барања всушност можат да ја зајакнат а со тоа да се отворат и нови шанси за поголема конкурентснот помеѓу независните и институционалните театри?

ЈАНКА: Колку е поголема конкуренцијата, толку е поголема и мотивацијата. Со самите барања, независната театарска сцена добива уште поголемо значење, а се надеваме и можност да продолжи да работи, но во значително подобрени услови. Независната сцена со години се бори и добива многу помали средства од институционалната, а знаеме дека институциите имаат просторни, технички и ред други капацитети кои независната ги нема. Но, и покрај тоа успева да ѝ парира. Конкурентноста е секогаш добра мотивација за работа и надградување на сите нас.

ФРОНТЛАЈН.МК: Во вашето барање имате наведено НУЦК центри кои немаат свои ансамбли да започнат со креирање на истите, што мислите дека ова ќе смени – но не само во поглед на работните места?

MИЛОШ: Ќе смени многу и во поглед на распространување на изведбените уметности низ земјава. Меѓу нашите колеги, има лица во чиишто градови нема никаква национална установа од културен карактер. Но, доколку во веќе постоечкиве НУЦК се оформат ансамбли, тие лица ќе можат да работат во соседниот град, најблиски до нивниот.Културата треба да биде достапна за сите, вклучително и за публиката од местата кои имаат згради, а немаат работници во нив.

ФРОНТЛАЈН.МК: Во однос на македонските драми, имате ли податок колку драми се поставуваат од македонски автори и колку од нив се нови или празиведби на истите?

ЕВА: Македонски драми ни приближно не се поставуваат доволно. Секоја чест на големите имиња на македонското драмско писмо, тие постојано треба да се присутни на нашите репертоари, но македонската драматургија треба да запознае и нови имиња.

Праизведби на македонски драми се обично инцидент, имаме можеби еден или двајца автори чии драми се поставувани поредовно на репертоарите на нивните матични куќи каде се вработени како драматурзи.

Едно од нашите барања во оваа Иницијатива е: НУТ и/или НУЦК да распишуваат по еден конкурс на годишно ниво за избор на национална драма од македонски драмски автор, која ќе биде поставена на театарска сцена.

Ова барање, меѓу другите, беше образложено на денешната средба со Министерката за култура и таа го поддржа ова барање. Во следниот период, со оформувањето на работните групи, би требало да прецизираме како би го оствариле ова барање.

 

ФРОНТЛАЈН.МК: Од продуцентска гледна точка мислите ли дека младите продуценти во театарската дејност кои се во тек со светската сцена можат да направат нови мостови и поврзувања на театрите?

ПETAР: Развојот на театарската сцена, како и во многу други професии, е под влијаније на размената на искуства и знаење, како и соработката со колеги со различна позадина. Копродукцискиот модел на работа не е ништо ново, но гледаме дека од оваа позиција е повеќе од потребно за да постигнеме не само финансиска одржливост на претставите, туку и континуитет на работа на невработените театарски работници. Искуството покажува дека на вонинституционалната сцена неизбежна ѝ е соработката со институција од аспект на логистичка поддршка, а колку е таа квалитетна и постојана е сосема друго прашање со негативен одговор. Со тоа веќе гледаме како младите продуценти пробуваат да изградат мост помеѓу театрите, не само во границите на нашата држава, туку и надвор од неа. Среќа, сè уште нè држи енергијата и имаме елан да ги поместуваме работите од мртва точка.

ФРОНТЛАЈН.МК: Дали мислите дека треба да има некаква евалуација во културните установи во поглед на уметничкиот кадар?

MИЛОШ: Да, секако, сметаме дека тоа е истото она „проветрување“ за кое министерката зборуваше неодамна во медиумите. Стоиме зад тоа дека е повеќе од неопходно да се согледа што е сработено/буџетирано до сега, за да не се повторуваат истите шаблони на работење и во иднина.

 

ФРОНТЛАЈН.МК: Во вашето барање барате 60% нови вработувања во текот на наредните две години во институциите со што бројот на невработени театарџии значително би се намалил. Дали мислите дека тоа е изводливо?

МИЛОШ: Сметаме дека е изводливо. Како иницијатива, со министерката разговаравме и за тоа да не се затвораат работни места во случај на пензионирање, смрт или иселување од државата на некој театарски работник. Бараме тие работни места да бидат пополнети со нови кадри кои чекаат вработувања со години. Секако, интересен е и важен да се спомне моментот со правење трансфери на вработените од една институција во друга. Во тој случај, работното место и трошоците кои државата ги издвојува за местото остануваат исти, нема дополнителни трошоци. Но, институцијата од која вработениот си заминува автоматски (според систематизацијата на работни места на таа институција) има простор за вработување на ист таков кадар, поради што е потребно распишување на нов конкурс, а со тоа и итно, сите институции (театри и центри за култура) прецизно да ги изготват своите систематизации за да видиме каде и со какви потреби/можности за вработување располагаме.

 

 

Next Post
Законодавството има за цел да го усогласи распоредувањето на енергетската инфраструктура со целите на Зелениот договор/AdobeStock/fotowunsch

Зелен договор: ЕП ги поддржува ажурираните упатства за трансевропската енергетска инфраструктура

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk