Естонските власти уапсија две лица поради нивната наводна улога во избегнувањето на санкциите воведени против Русија.
Маж и жена се осомничени дека обезбедиле средства во вредност од над 350.000 евра (380.580 долари) за санкционирано лице. Тие, наводно, ја користеле онлајн платформата Спутник Медиа, контролирана од Кремљ, за да го направат тоа, соопштија властите.
Доказите за нивната активност се собрани од 2021 година.
– Прекршувањето на санкциите наметнати од Европската унија како одговор на меѓународните злосторства извршени против државата Украина и украинскиот народ, претставува злосторство против мирот, изјави естонскиот обвинител Таави Перн.
Двајцата уапсени, наводно, го одржувале Спутник Медиа активен, и покрај санкциите воведени кон рускиот државен медиум.
ЕУ ја забрани дистрибуцијата на Спутник како одговор на руската инвазија врз Украина и пропагандата. Сепак, истрагата не ја оценува содржината објавена на медиумската платформа, истакна Перн./MИА/.