ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Платите во образованието се зголемени за 21%, дијалогот со синдикатите продолжува и решение ќе има

April 7, 2022 13:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Покачувањето на минималната плата не би требало да биде причина за отпочнување на протести. Тоа е плата покачена на работниците доминантно во приватниот сектор кои што работат во фабрики и во услужен сектор. Преку даноците  од приватниот сектор се исплаќаат платите на сите кои што работат во јавниот сектор, а јавниот сектор има 138.000 вработени. Тие 138.000 ги примаат своите плати благодарение на придонесите, благодарение на даноците кои што ги плаќа приватниот сектор, тоа не треба да биде причина да се врши притисок и да се прават протести. Ова денеска го одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање во врска со најавените протести од страна на повеќе синдикати поврзани со барања за зголемување на платите.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија истакна дека зголемување на платите треба да има, но со методолошки пристап.

„Сакам исто така да напоменам дека од 2017, 2018, 2019 најголем дел од платите се зголемени за 20 проценти, во образованието платите беа зголемени кумулативно 21 процент во изминативе години, платите исто така на лекарите беа зголемени, капитациите исто така беа зголемувани и финансиските средства кои што го издвојувавме за здравството“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој рече дека Владата ќе продолжи со тој дијалог, меѓутоа истакна дека не е добро за економско социјалниот дијалог прво да се најави штрајк, а потоа под притисок да се доаѓа на разговори со Владата.

„Сепак, и во такви услови Владата разговара, нормално со сите претставници на синдикатите, и јас сум сигурен дека на крајот на денот ќе изнајдеме решение кое што ќе биде на обострано задоволство и на работниците и секако на оние кои што ги плаќаат даноците за да се исплаќаат тие плати“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски се осврна и на исплатата на минималната плата во јавниот сектор каде има застој во одредени институции, односно не е сѐ уште исплатена минимална плата до 18.000 денари.

„При носењето на минималната плата јас кажав дека сите ќе добиваат минимална плата од 18.000 денари, а за тоа е потребно да се изменат одредени закони, кои што во моментов се во собраниска процедура.  Затоа Владата веќе минатата недела донесе заклучок со кој што ќе биде овозможено оние кои што нема овој месец да ја добијат платата до 18. 000 денари таа разлика да им биде исплатена веднаш штом ќе биде донесен законот соодветен за административни службеници“, рече премиерот Ковачевски.

Next Post

Пресуди за „Меѓународен сојуз“: Бојан Јовановски доби 9 години затвор, Јасна Ерцеговиќ 4, а Ременски ослободена од обвинение

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk