ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска од Делфи форумот: Eдинствен одговор на растечката нестабилност е јасна европска перспектива за земјите од Западниот Балкан

April 7, 2022 17:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска зборуваше на панел дискусија на престижниот економски форум Делфи во Грција, посветена на безбедносните предизвици за Западниот Балкан.

Своето излагање Петровска го започна со оценката дека светот се наоѓа во критичен момент за европската и глобалната безбедност предизвикана од руската агресија врз суверена и независна Украина, која е неоправдана и извршена без провокација.

Таа додаде дека паралелно со конвенционалните се зголемуваат и хибридните закани, вклучувајќи го и ширењето на дезинформации и лажни вести, за што државите од Западниот Балкан мора да работат за да ја засилат општествената отпорност.

Министерката се осврна и на сето она што можат државите да го направат за да се справат со растечката нестабилност – Балканот да не дозволи проширување на несигурноста во овој регион, а Европа да даде јасна перспектива за брза и ефикасна интеграција на земјите од регионот во Унијата.

„На Балканот се е поврзано по принципот на сврзани садови. Секој поединечен билатерален спор често има регионални импликации. Секој неуспех во одржувањето на европската траекторија за Западен Балкан може да има драматични последици за земјите во регионот но и за ЕУ во поглед на безбедноста и миграциите. Европската и евроатлантската перспектива за земјите од Западниот Балкан мора да биде јасна и на дофат. Тоа ќе ги зацврсти демократските вредности и процеси во регионот и ќе биде катализатор за суштински реформи во нашите општества“, истакна Петровска на панел-дискусијата.

На прашање од модераторот на панелот, Јанис Армаколас, дали Северна Македонија прави доволно на полето на реформскиот процес, министерката Петровска направи споредба со напредокот на државата за периодот од 2017 до сега, при што нагласи дека од држава со сериозно поткопани и компромитирани институции, особено по скандалот со прислушкувањето, сега е членка на НАТО. Ова членство не подразбира само политичка волја, туку исполнување на болни и сеопфатни реформи, особено во секторот на разузнавачките служби.

Европската перспектива за Западниот Балкан дополнително е најдобрата одбрана од влијанија на трети страни во регионот, рече Петровска и потенцираше дека почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија не треба да се одлага, а моменталната геополитичка ситуација најдобро го отсликува безбедносниот елемент на политиката на проширувањето на Европската Унија.

На седмиот по ред економски форум Делфи кој се организира под насловот „Нови реалности“, учествуваат 760 учесници – европски претседатели, премиери, еврокомесари и министри, како и научници, универзитетски професори и претприемачи. На поголем број панел – дискусии се разговара за значајни глобални теми, како што се светската безбедност, глобалната економија,  климатските промени, иднината на ЕУ, технологијата, здравството, општеството, културата итн.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

НАТО ќе испрати повеќе оружје во Украина, но не може да обелодени детали

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk