Премиерот Димитар Ковачевски, на Фејсбук, објави фотографии од кои се гледа дека Владата e осветлена во боите на ромското знаме, во пресрет на Светскиот ден на Ромите.
„Во пресрет на Светскиот ден на Ромите, Владата e осветлена во боите на ромското знаме.
Нашата заедничка визија, нашите заеднички стремежи и напори се во насока на еднаквост и правичност за ромската заедница. Продолжуваме и понатаму стратешките определби за Ромите во Република Северна Македонија како државни цели да бидат пример за останатите во регионот“, напиша Ковачевски.