ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МТСП: Нема неправилности во постапувањето и работењето на ЈУ Заводот за рехабилитација за деца и младинци во Топанско поле

April 8, 2022 11:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По објавените содржини на социјалните медиуми од страна на вработена во ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци- Скопје, а кои се однесуваат на неправилности во работењето на установата, како и несоодветна грижа за корисниците на социјални услуги, инспектори од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата при Министерство за труд и социјална политика веднаш извршија вонреден инспекциски надзор во институцијата.

По извршените разговори со директорот и вработените во Заводот, направен е и увид во просториите кои што ги користат корисниците во установата, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Од страна на инспекторите е установено дека, согласно фактичката состојба на терен, сите простории се користат,  корисниците имаат пристап до истите и  слободно се движат како во институцијата, така и во дворот и притоа, се во присуство на вработени во установата, пишува во соопштението.

Констатирано е и дека просториите во кои се корисниците се уредни, чисти и со опрема во согласност со нивните потреби. Во близина на секоја просторија која што ја користат корисниците има тоалети кои се отворени и кои се на нивно располагање.

Согласно, инспекцискиот надзор во однос на наводите изнесени од страна на вработената во установата кои се однесуваат на просториите и условите во кои што се корисниците не се  констатирани неправилности во постапувањето, известуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Во прилог фотографии од фактичката состојба на ЈУ Заводот за рехабилитација на деца и младинци- Скопје, за време на инспекцискиот надзор извршен од  инспектори од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата при Министерство за труд и социјална политика.

Next Post

Зеленски: Храброста е нашиот бренд, ќе ја шириме нашата храброст во светот

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk