ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Треба сега да го искористиме геполитичкиот моментум за Западен Балкан да биде онаму каде што припаѓа

April 8, 2022 20:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мислам дека сега, треба да го искористиме моментумот на геополитичко влијание за Западен Балкан да биде онаму каде што припаѓа, во ЕУ, порача заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи за време на панел дискусија на Делфи економскиот форум, јави дописничката на МИА од Атина.

За да ја истакне важноста на европската перспектива на земјата, вицепремиерот посочи дека за 20 години, пола милион граѓани се отселиле, додека за тоа како ја гледа иднината на регионот рече „целосно интегрирани во Европската Унија, со цврсти синџири на набавки кои не се зависни од далечните источни пазари, со силни економии кои носат добар живот за нашите граѓани“.

-Нашите земји посветено работат за да ги постигнат европските стандарди, но време е да се тргнат пречките на нашиот европски пат, подготвени сме, порача вицепремиерот.

Во однос на Договорот од Преспа, рече дека „не треба да се гледа како алатка, туку е начин, конфликтот да се пренесе во можност, во предизвик и почеток на соработка“.

-Договорот од Преспа треба да се гледа како модел за постигнување договори и носење просперитет за двете земји, но носи и можност, рече вицепремиерот Битиќи и го спомена учеството на Северна Македонија во проектот за терминал за течен природен гас во Александруполи, велејќи дека тоа е она што го донесе договорот меѓу двете земји.

Истакна дека сега, поради војната, станува јасно дека учеството во овој проект е можност за сите нас.

За одговорот на регионот во справувањето со Ковид кризата, вицепремиерот истакна дека лично за него е предизвик, а не проблем и посочи дека борбата со пандемијата „забрза некои процеси кои беа неопходни и кои можеби требаше да започнат порано“.

Вицепремиерот Битиќи, на панел дискусијата за стабилноста на Западен Балкан, учествуваше заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина и Западен Балкан Мирослав Лајчак, со заменик- помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, со поранешниот специјален претставник на САД, Курт Волкер и претседателот на трговската и индустриска комора на Србија Марко Чадеж.

Заменик- помошникот државен секретар на САД, меѓу другото, порача дека според него, актуелната криза може да ги приближи земјите од Западен Балкан до ЕУ.

извор: МИА
Next Post

Ангеловска-Бежоска: Менувачниците кои шпекулираа на штета на граѓаните ќе бидат санкционирани

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

Жител на Петровец ја претепал сопругата и ѝ скршил три ребра, ОЈО бара притвор

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk