ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Енергетската транзиција и гасното поврзување со Грција ќе ни обезбеди енергетска независност

April 10, 2022 11:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интерконекторот со Грција заедно со терминалот за течен гас (LNG) во Александруполи не се само економски, туку и проекти од стратешко значење, истакнува во интервју за МИА претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и додава дека за овие проекти биле водени напредни разговори со партнерите од Република Грција, информираат владините служби.

„Верувам дека во текот на оваа година ќе бидат договорени сите точки од договорот и дека уште оваа година ќе може да почне неговата реализација. Со тоа, гасот нема да оди како до сега исклучиво во правец исток-запад, туку ќе оди од југ кон север. Тоа е значајно и за енергетската диверзификација, бидејќи овозможува изградба на гасни централи. Една таква ќе биде изградена и до терминалот во Александруполи“, соопштува премиерот Ковачевски во интервјуто за МИА.

Ковачевски дополнува дека Северна Македонија продолжува со имплементација на големите стратешки проекти, особено во обновливи извори на енергија.

„Секоја криза треба да претставува и можност. Ние веќе почнавме со имплементација на големите стратешки проекти, особено во обновливи извори на енергија. Минатата недела јас присуствував на пуштањето во употреба на првата фотоволтаична централа во Осломеј. Тоа е прва таква централа на стари наоѓалишта на јаглен во Југоисточна Европа каде што во употреба беше пуштена 10 мегаватна централа, која што ќе дава производство на 15 до 17 гигават часови електрична енергија и која што е изградена од страна на државата.“

Како што потенцираше премиерот Ковачевски во интервјуто за МИА, во почеток на изградба се уште две такви централи по 50 мегавати, на истото место. Едната ќе биде градена од турски „Фортис“, а другата од бугарски „Соларпром“ како големи компании во таа област, коишто на база на јавно – приватно партнерство ќе треба 18, односно 18,5 проценти од приходите од тие централи да го предаваат на ЕСМ, со што државата ќе има годишно 1,5 милиони евра приход и нормално електрична енергија за задоволување на своите потреби.

Дополнително информираше премиерот Ковачевски, ЕСМ со изградбата на уште една десетмегаватна централа, целосното производство на енергија од јаглен во Осломеј практично го заменува со производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија односно од сончева енергија.

Ковачевски потсети дека во тек се работите за почеток на изградбата на голем ветерен парк на германскиот гигант во оваа област „WPD“ со моќност од близу половина гигават, како соларниот парк на „Акуо“ од Франција со исто толкава моќност во близината на Штип.

Next Post

Двајца македонски тркачи на Балканското првенство во полумаратон

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk