ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Тренерот на „Вардар“ поднесе оставка по поразот од „Гостивар“, ФФМ ги суспендираше прилепските судии

April 10, 2022 17:57
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Тренерското место во најтрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар“ од денеска е испразнето, откако шефот на стручниот штаб Никола Глигоров поднесе оставка по вчерашниот контроверзен пораз од „Гостивар“ (1-2) во рамки на Втората лига – Запад.

– Поднесов оставка од најпосакуваната позиција во македонскиот фудбал. Оставката ја поднесов од лични и морални причини, а никако како последица од неуспехот „Вардар“ да се врати во Првата лига, објави Глигоров, ден по поразот, кој „црвено-црните“ истакнаа дека е последица на скандалозни и тенденциозни грешки на судиите.

Според Глигоров, натпреварот со „Гостивар“ ја прелил чашата со незадоволство.

– Цела Македонија го виде срамот на прилепските судии кои за жал го оцрнија македонскиот фудбал на сметка на најголемиот „Вардар“. Никој, никогаш не бил оштетен вака во историјата. 22 кола правеа сценарио во кое беше невозможно да се работи и човек да се надева дека на крај правдата ќе победи. Не знам дали спијат мирно луѓето што делегираат и се креатори на оваа срамна местенка и обезвреднување на најголемиот македонски бренд, посочи Глигоров.

Паралелно со реакцијата на Глигоров и „Вардар“ за вчерашното судење на дуелот во Гостивар, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека по анализирање на натпреварот, главниот судија Влатко Илиоски и вториот помошник Марјан Смилкоски „се суспендираат до крајот на сезоната и нема да бидат делегирани на натпреварите во Првата и Втората лига“./МИА/

Next Post

Кулеба: Германија и Франција направиле „стратешка грешка“ кога не дозволиле Украина да влезе во НАТО во 2008 година

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk