ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потпишан нов колективен договор во АД ЕСМ

April 11, 2022 09:57
in Uncategorized, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

АД ЕСМ и Синдикалната организација во компанијата потпишаа нов колективен договор со кој, како што велат од ЕСМ, се унапредуваат и подобруваат условите за работа, како и правата на вработените. Договорот го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски и претседателот на Синдикалната организација на АД ЕСМ Јове Смилевски, пренесува МИА.

-Новиот колективен договор носи подобрувања на одредбите во повеќе сфери и е резултат на преговори меѓу менаџментот на АД ЕСМ и единствениот репрезентативен синдикат на вработените, а со поддршка на ССМ и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР), велат од ЕСМ.

Новиот колективен договор, информираат, предвидува прецизирање на минималната плата согласно новите законски измени, утврдување на исплата на два додатоци за работа во недела согласно новите законски одредби, дополнителни исплати за вработените во случаи на работни обврски надвор од утврдените со работното место, особено за работа во стручни комисии за инвестициски и други проекти. Покрај тоа, предвидува унапредување на родовата еднаквост во однос на одредени прашања поврзани со солидарната помош, унапредена е можноста за оспособување и стручно усовршување на вработените особено во профили кои во иднина ќе бидат повеќе потребни во производниот процес, односно кадри за работа во капацитети од обновливи извори на енергија, потоа олеснување на можноста за изведување на ученичка и студентска практична работа во електраните на АД ЕСМ итн.

-Дополнително, во договор и со поддршка на Синдикатот, беше донесена одлука да им се овозможи на вработените самоиницијативно да се пријавуваат за неплатен одмор во траење до два месеца во период на траење на енергетската криза, за профили кои не се клучно неопходни за производниот процес, со цел да се намалат трошоците во криза, велат од компанијата и додаваат дека АД ЕСМ и натаму останува отворен за соработка во делот на синдикалното организирање и можностите за унапредување на условите за работа.

Од менаџментот на АД ЕСМ, пак, сметаат дека целта на колективните договори не е само да ја подобрат финансиската состојба на вработените, туку и да имаат позитивен ефект врз колективната атмосфера во друштвото, вреднувајќи го трудот и залагањето на секој поединец кој ги извршува своите работни задачи совесно и одговорно.

-Во предвид се земаат мислењата, потребите, побарувањата на вработените во сите подружници на АД ЕСМ, со што компанијата обезбедува најширок можен пленум во кој се разговара за унапредување и подобрување на условите на работа на работниците, порачуваат од АД ЕСМ.

АД ЕСМ и Синдикалната организација при Државните електрани на Северна Македонија потпишаа колективни договори во 2018 и 2020 години. Според оценките од компанијата, секој од тие документи бил подобар од претходниот и претставувал дополнително подобрување на условите за работа на вработените, како и придобивките од работниот ангажман во АД ЕСМ.

-Новиот колективен договор е круна на успешниот социјален дијалог кој се води во рамките на друштвото, порачуваат од АД ЕСМ.

Next Post

Ме убија зошто сум Украинец - протести против војна во Украина и против руските злосторства

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk