ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со вкупно 615 милиони евра Владата ги амортизираше ценовните шокови

April 11, 2022 12:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

За амортизирање на ценовните шокови предизвикани од пандемијата и воениот конфликт во Украина, Владата на Република Северна Македонија, издвои речиси 615 милиони евра. Минатата година преземени се мерки за амортизирање на порастот на цените, а годинава дополнително е донесен сет од 26 мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и фирмите, но и за финансиска поддршка на фирмите преку Развојната банка, информираат од Владата.

„Благодарение на овие мерки имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Ефектите од владините одлуки дадоа резултати. Преку замрзнување на цените на прехранбените производи, а потоа и намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, успеавме да спречиме огромен раст на цените. Дополнително, на основните прехранбени производи се ограничени и малопродажните и големопродажните маржи за заштита на стандардот на граѓаните. Без овие мерки сметките за храна би биле повисоки за 1.500 денари месечно. Дополнително, за ранливите категории граѓани обезбедивме финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за да можат да ги покријат своите сметки и ја покачивме минималната плата на 18.000 денари“, соопштуваат од Владата.

Од Владата истакнуваат дека во изминатиот период, Владата сите ресурси ги насочи кон справување со кризата. Со мерките за одржување на ликвидноста на компаниите и ликвидноста на енергетскиот сектор, како држава одлучивме 80 проценти од сметките за електрична енергија да ги субвенционираме. Без овие мерки, како што нагласуваат, цената на електрична енергија, односно сметките за струја на граѓаните би биле за 2.150 денари повисоки. доколку не беа ограничувањата на маржите и намалувањето на ДДВ, а нафтените деривати би ги плаќале само по основ на ДДВ, без намалувањето на акцизата, 300 денари повеќе.

Оттаму потенцираат дека порасна и просечната плата, а во најголемиот дел од секторите во државата во изминатите години платите беа покачени и за над 20 проценти низ изминатите три години. Владата е на чекор од реализација на ветувањето од минимум 30.000 просечна плата, последните податоци покажуваат дека просечната плата изнесува 29.980 денари.

„Влогот во стандардот на граѓаните е врвен приоритет, особено во услови на огромна економска криза и Владата ќе продолжи финансиски да ги поддржува граѓаните и компаниите“, се наведува во соопштението од Владата.

 

Next Post

Зеленски се обрати пред пратениците на Јужна Кореја и побара воена помош

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk