ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

САД ја проширија црната листа со седум актери кои вршеле корупција и други дестабилизирачки активности во Западен Балкан

April 11, 2022 20:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Канцеларијата за контрола на странски капитал (ОФАЦ) при Министерството за финансии на САД денеска ја прошири листата со уште седум лица од четири земји од Западен Балкан, јавија од американскиот Стејт департмент, јавува МИА.

Се работи за лица од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија кои се цел на Извршната уредба 14033, според која се казнуваат сите оние што претставуваат закана за стабилноста на регионот преку извршени акти на корупција, криминални активности и друго дестабилизирачко однесување, изјавија од Стејт департментот. Економски санкции се воведуваат за нив и за уште еден ентиет. 

-Денешната акција ја засилува заложбата на министерствто да промовира одговорност за актерите од регионот на Западен Балкан вклучени во дестабилизирачки и кокруптивни активности. Ова го поткопува владеењето на правото и економскиот развој и ги лишува луѓето од овие земји од можноста за стабилност, укажаа оттаму. 

На црната листа од Северна Македонија се најдоа имињата на поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски и поранешниот прв човек на на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.  

На листата се најде и фирмата која што Груевски ја отвори во Унгарија минатата година. Станува збор за компанијата I.C.I.C. LTD со адреса во Унгарија, која што е отворена на 15 јули 2021 година, а Стејт департментoт ја поврзува со поранешниот премиер Груевски.  

Американската влада во образложението за Груевски и за Мијалков наведува дека се одлучила на ваков чекор како одговор на нивната вмешаност во значителна корупција. Нивните постапки го поткопале владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја нарушиле довербата на јавноста во владите.  

Покрај двајцата, забрана за патување во САД има и за нивните семејства. Тоа значи дека Груевски, Мијалков и членовите на нивните потесни семејства се неподобни за влез во САД. 

Проширувањето на црната листа е донесено во согласност со декретот на претседателот на САД, Џо Бајден од минатата година со кој се дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на штета на клучните договори во регионот на Западниот Балкан и во Северна Македонија. 

Декретот носи наслов „Извршна наредба за блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на состојбата на Западниот Балкан“. 

Next Post

Рама во Берлин: Се одвојуваме од Северна Македонија доколку во јуни не се отворат преговорите

Најново

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk