ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Нема криење и застој во истрагата за починатиот ракометар

April 12, 2022 13:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, како што рече, со индигнација го отфрли сето она што деновиве се пласира во јавноста за наводно криење на овој случај, застој во истрагата. Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата, во врска со починатиот хрватски ракометар Денис Тот.

Тој најави дека за едното лице по кое се трага и има централен распис, ќе се распише и меѓународна и домашна потерница, а приведени се две лица учесници во настанот. Официјално во МВР нема податок дека ја напуштил државата.

Полицијата располага со видео снимка на која детално се гледа настанот како се одвива, истакна Спасовски, а од разговор постојат повеќе искази за тоа што била причината за настанот.

– Според изјавите што имаме тоа е некакво лично недоразбирање меѓу девојката и момчето, информира министерот Спасовски.

Спасовски одговарајќи на новинарски прашања нагласи дека информациите дека нема траги на насилство, како што рече, ги добиле и полициските службеници кои работат на овој случај.

Дезинформациии не помагаат во истрагата, порача Спасовски и информира меѓу другото дека во рамки на истражните дејствија на разговор се повикани и управителот на дискотеката и вработена во четвртокот на пладне, но и сите лица кои биле од интерес на истрагата и можат да помогнат се повикани во полициска станица.

– Сите предмети што се и од настраданиот и од осомничените лица се преземени кај истражните органи, тие ќе бидат вештачени за да биде се како што треба. Институтот за судска медицина ја вршеше обдукцијата и ги деаде резултаите и тие се дел од истражниот процес. Полицајци не присуствуваат на тој процес, туку Институтот ја врши обдукцијата. Имаме земено облека што ја носел, телефон и сите предмети што биле со него тој момент, изјави министерот Спасовски.

Наведе дека се прибираат податоци и информации во однос на сите аспекти и оперативно се работи, по што ќе се видат резутлатите од целиот настан.

– Веднаш по добивањеот на информацијата нашите екипи се излезени и одат првично во Клиничкиот центар. Понатаму се барат информации од Брза помош за да видиме од каде е подигнат човекот и се преземаат сите последователни чекори. Информацијата пласирана прва во јавноста се базира токму на увидот и анализата што ја направиле медицинските лица во Клиничкиот центар. Инаку, истражните дејствија продолжуваат понатаму се до моментот на расчистување, појаснуваше Спасовски, по денешниот прием на донацијата во опрема и возила во вредност од 675 илјади евра за Граничната полиција на МВР, што ја предаде Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.

Next Post

На 27 април продолжува судењето за „Софтвери”, денеска Обвинителството изведуваше докази

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk