Прес центарот на СБУ (Служба за безбедност на Украина) објави нова фотографија од приведениот кум на Путин со лисици, пишува TSN.ua.
Шефот на Службата за безбедност на Украина, Иван Генадиевич Баканов, го коментираше апсењето на кумот на Путин, народниот пратеник од партијата ОПЖ Виктор Медведчук.
Баканов истакна дека дури и облечената маскирна украинска воена униформа не му помогнала на Медведчук да избегне апсење.
Зборовите на Баканов ги цитираше прес-центарот на СБУ и беше објавена нова фотографија од приведениот кум на Путин со лисици.
„Можеш да бидеш проруски политичар и да работиш за државата агресор со години. Можеш да се криеш од правдата во последно време. Можеш дури и да носиш украинска воена униформа за да се маскираш… Но, дали тоа ќе ти помогне да ја избегнеш казната? Воопшто не! Окови ги чекаат сите предавници на Украина како тебе! Проруски предавници и агенти на руските тајни служби, запомнете – вашите злосторства немаат застареност. Каде и да сте во вашите скривалишта, ние ќе ве најдеме!“ – напиша шефот на СБУ
Баканов им се заблагодари на сите службеници на СБУ, вклучително и истражителите и контраразузнавачите на украинската тајна служба, кои, следејќи ги упатствата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја докажаа својата професионалност и ја спроведоа оваа молскавична и опасна специјална операција на повеќе нивоа за приведување на пратеникот Медведчук.
„Ниту еден предавник нема да ја избегне казната и ќе одговара според законот на Украина. За сета сериозност на сите злосторства на денешницата, што доведоа до неговите лични постапки, вклучително и“, рече шефот на SBU.
Потсетуваме, во вторник навечер, на 12 април, претседателот на Украина Володимир Зеленски објави дека кумот на Путин, народниот заменик од ОПЖ Виктор Медведчук бил уапсен.
Претходно, советникот на министерот за внатрешни работи Антон Герашченко изјави дека кон крајот на февруари Виктор Медведчук побегнал од домашен притвор а потоа Судот ја предаде запленетата јахта на Медведчук на војската на Украина.
Ажурирано: Претседателот Володимир Зеленски објави дека е приведен народниот пратеник од проруската ОПЖ Виктор Медведчук. Зеленски рече дека Медведчук се криел 48 дена и на крајот решил да се обиде да побегне од Украина, но бил уапсен во воена камуфлажна униформа. Шефот на државата и предложи на Русија да го размени политичарот за украински затвореници.
Превод: Жорж Димовски