„Јас ја разбирам СИРИЗА како партија која промовира повеќе димензионална политика на независност, мирен дијалог и успешно ги решава проблемите во корист на земјите во регионот“, истакна Заев на Конгресот на СИРИЗА.
„Денес сум тука на покана на претседателот на СИРИЗА, мојот драг пријател Алексис Ципрас со кого делиме многу. Јас и Ципрас бевме решени да направиме голем чекор кој ќе биде во корист за иднината на нашите две земји, на нашите граѓани, на целиот регион и Европа во името на пријателството, мирот и стабилноста. За подобра иднина на младите генерации, истакна поранешниот премиер Заев.
Настаните во Украина поттикнати од рускиот агресор поттикнаа големи стравови, и единственото решение, секако, е мирот. Целосно ја поддржувам независноста на Украина и територијален интегритет, и длабоко сочувствувам со фамилиите кои претрпеа загуби. Потребен е мир со дипломатско решение, што ги почитува принципите на интернационалните закони, да се почитува општото добро, човековите права и фундаменталната слобода.
Ние, демократскиот свет, треба да продолжиме да ја штитиме демократијата во светот. Со Алексис, работевме на мирот и решивме проблем со длабоки корени во историјата. И успехот на тој проект се протега не само во рамките на регионот, туку и подалеку. Нашиот Мировен договор испрати силен сигнал на светот. Ги здруживме нашите визии кон една заедничка цел“, истакна Заев на Конгресот на СИРИЗА.







