ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СОНК во 16 часот ќе ја соопшти одлуката, МОН и МТСП повикаа на прекин на штрајкот и да мислат на децата

Од името на Советот на СОНК свикувам прес конференција денес, 17.04.2022 год во 16 часот, во просториите на СОНК, а во врска со Одлуката на Советот на СОНК за моменталната состојба со Генералниот штрајк“, напиша претседателот на СОНК, Јаким Недeлков на Фејсбук.

April 17, 2022 15:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска со ФБ пост ги повика наставниците во основните и средните училишта да го продолжат образовниот процес бидејќи тоа е од најдобар интерес на децата.

„Децата треба да ни е на прво место, затоа што правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Губењето на настава во услови како оваа пандемија, кога владата и Министерството за образование и наука направи максимални напори да го нормализира образовниот процес, не оди во прилог никому, најмалку на учениците”, напиша Шаќири.

Во ФБ постот, Шаќири потенцира дека учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат. Редовната наставата е потребна најмногу како поддршка за ученици во еден многу важен дел од нивниот живот.

„Потребни сте им сега во овој период кога се подготвуваат за продолжување на образованието во средните училишта, за полагање на стручни испити и за државната матура, од што зависи нивната понатамошната образовна иднина и запишување на факултетите во земјава и во странство. Со нарушен образовен процес, сето ова не може да се реализира во предвидените рокови и е на штета на сегашните деветооделенци и матуранти, но и на сите останати ученици”, објави Шаќири на ФБ.

И министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ги повика воспитувачите и негувателите, да го нормализираат воспитно-згрижувачкиот процес и да ги прифаќаат децата во градинките, бидејќи секој изгубен час и ден од наставата оди на директна штета на раниот детски развој, кој е основата за понатамошен развој на секоја индивидуа.

„Владата и Министерството за труд и социјална политика и претходно докажаа дека имаат слух за барањата на воспитно-згрижувачкиот кадар во градинките и дека не бегаат од решенија со кои се унапредува нивниот економско-социјален статус. Докажавме и дека клучен приоритет е токму зголемувањето на платите на вработените во градинките кои се покачени за 21% во последните четири години, што е историски најголем раст“, пишува во апелот на Тренчевска и МТСП. 

Според Тренчевска, социјалниот дијалог е единствениот пат да дојдеме до заеднички решенија. Така постигнавме договор за минималната плата и за пензиите, тој е начинот на кој треба да се реши и овој предизвик.

Верувам дека интересот на децата ќе биде ставен на прво место. Градинките ќе ги отворат вратите, а преку силен постојан партнерски дијалог кој го продолжуваме со Синдикатот ќе изнајдеме модел со кој се обезбедува и гарантира постојан раст на платите за вработените во градинките,“ порача министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Родителите и учениците во неизвеснот

И учениците и родителите се во неизвесност. Неколку читатели (родители) испратија поплаки дека ниту наставниците, ниту воспитувачите не им одговорале на повиците и преписките на социјалните мрежи, дали децата од утре ќе имаат настава/згижување. Тие тоа го толкуваат како СОНК сèуште да не донел одлука, иако се ближат попладневните и вечерните часови.

„Неколку пати свртев кај наставничката на син ми. Не ми крева. Што не било случај пред штрајкот. Сите родители во Вајбер групата прашуваат што ќе биде од утре. Штама. Ниту еден одговор не добивме. Дури да ни „почекајте“, вели мајка на ученик во основно училиште во Општина Карпош.

Татко на основец и средношколецвели дека веќе нема алтернативи за чување на помалото дете, а дека поголемиот и изминатата недела имал само по два часа во училиште, кај професорите коишто не штрајкуваат.

„Сите нека имаат поголема плата. Така и треба да биде. Но дајте како што ги разбираме ние, нека не разберат и тие нас. Нека бидат  хумани, нека бидат луѓе и за другите, не само за себе. Срам да им е, какво време дојде, сите на себе и своите деца само мислиме, туѓото нека гние. Огорчени станавме. Како зомбија и мумии сме“, вели татко на двајца ученици.

СОНК најави прес-конференција во 16 часот

Засега нема новости од Синдикатот на образование, наука и култура, оттаму само најавија дека во 16 часот ќе одржат прес-конференција.

„До средствата за јавно информирање! Од името на Советот на СОНК свикувам прес конференција денес, 17.04.2022 год во 16 часот, во просториите на СОНК, а во врска со Одлуката на Советот на СОНК за моменталната состојба со Генералниот штрајк“, напиша претседателот на СОНК, Јаким Недeлков на Фејсбук.

На прес конференцијата, СОНК дали соопшти ќе ја прифати понудата од Министерството за образование, за зголемување на платите од 10 проценти, наместо бараните 18 %.

И. Т. З. 

Next Post

Путин ѝм нареди на сите руски компании да ги напуштат западните берзи: На што се надева?

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk