Преку затвореното небо над Европската унија, авионот летал од Москва до Мадрид повеќе од 15.000 километри. Летот беше организиран за да ги земе депортираните руски дипломати од Грција и Шпанија, пренесува meta.ua.
Авионот морал да прелета многу подолга рута поради целосната забрана за летови над територијата на ЕУ. Шпанија и Грција направија еднократен исклучок за влез на авиони во нивниот воздушен простор за Русите да можат да земат дипломати од тие земји. Од друга страна, другите земји не направија слични исклучоци за овој лет.
Вкупната должина на летот беше 15.163 километри. Ова е само малку помалку од најдолгиот лет на светот меѓу Сингапур и Њујорк.
За време на летот на линијата Москва-Мадрид, авионот мораше да остане во меѓународниот воздушен простор и да ги почитува сите ограничувања. Ова повеќе од двојно го зголеми растојанието помеѓу точките, а авионот мораше да направи голем круг.
Авионот, кој патувал од шпанската престолнина до Атина, ја заобиколил Северна Африка и брегот на Медитеранот, избегнувајќи го воздушниот простор на Малта и Италија. Преминувајќи го либискиот воздушен простор и упатувајќи се кон Египет, потоа летот се сврте кон север за да се приближи до Атина. Авионот можеше да лета преку Турција, која сега им дозволува на руските авиони да го користат нејзиниот воздушен простор дури и за време на војната. Потоа летот на Русите продолжи кон исток, избегнувајќи ја зоната на рускиот воздушен простор во близина на Украина.
Превод: Жорж Димовски