ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Ставаме на располагање нови 5.722 хектари земјоделско земјиште

April 19, 2022 16:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Не оставаме ни педа необработено земјоделско земјиште, ставаме на располагање нови 5722 хектари земјоделско земјиште и преку одговорни мерки го зголемуваме домашното производство на стратешки култури, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција. Министерот Николовски информираше дека владата на денешната седница даде согласност за МЗШВ да распише наменски јавен оглас за доделување на слободно земјоделско земјиште над 3 хектари.

“Преку оваа мерка ставаме на располагање нови 5.722 хектари земјоделско земјиште за обработување на стратешки култури, односно пченица, пченка, јачмен, сончоглед, рж, ориз, овест, маслодајна репка, тритикале и добиточен грашок. Со огласот опфатени се 14 региони во државата каде успеваат овие култури, односно се ставаат на располагање околу 700 целини на земјоделско земјиште над 3 хектари. Постапката за доделување ќе се врши преку електронско јавно надавање, рокот за аплицирање е 20 дена, а целокупната постапка со заокружување на јавното надавање очекуваме да трае 30 дена,“ изјави министерот Николовски.

Дополнително министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го разработува и концептот за ставање во функција и на приватното напуштено земјоделско земјиште. Се бара начин како и ова земјиште да биде ставено во функција и биде обработувано.

Овој наменски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп е дел од мерките од донесениот Национален план за производство на храна кој  содржи пакет интервентни мерки од 400 милиони денари, чијашто цел е да им се помогне им се помогне на земјоделците и на сите граѓани. Земјоделците со овие мерки добиваат 40% дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченциа, 2.500 денари по хектар за сочоглед и јачмен, дополнително оние кои ќе направат принос кај пченицата од над 4.000 тони по хектар или кај сончогледот од 1,5 тони по хектар, ќе добијат дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар. Во делот на сточарството, обезбедена е интервентна субвенција од 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет и интервентна субвенција од 1.500 денари по грло за гоеници со тежина над 90 килограми. Се воведува и нова интервентна субвенција во висина од 60 денари по несилка која се наоѓа на одгледувалиштето и е на возраст за производство на конзумни јајца.

Министерот Николовски изјави дека заедно со земјоделците ќе се креираат мерки за зголемување на домашното производство на земјоделско-прехранбени производи и намалување на увозот.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Тренчевска-Дуев: Меморандумот за соработка е потврда за нашите заложби и продлабочување на меѓусебната соработка

НАЈНОВО

Приведен жител на Ваташа поради уништување плакати на политичка партија

October 18, 2025

ДИК: Започна гласањето за болни, затвореници и лица во установи за вонсемејна грижа

October 18, 2025
Фото, Генерирано со ВИ

Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk