ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Законската одредба за недела неработен ден пред Уставниот суд

April 20, 2022 07:46
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставните судии на денешната седница ќе дискутираат по однос на четири иницијативи поднесени од правни и физички лица. Меѓу денешните инцијативи кои треба да бидат разгледани е и иницијативата за законската одредба за недела неработен ден поднесена од Стопанската комора на Северна Македонија. Преку оваа иницијатива се оспоруваат последните измени на Законот за работните односи, во однос на недела неработен ден во државата.

– Подносителот смета дека оспорениот закон кој се однесува на уредување на работата во недела е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Во иницијативата се наведува дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи го уредува користењето на неделен одмор преку воведување на забрана за работа во недела и притоа таксативно ги набројува исклучоците на одредени дејности кај кои неделниот одмор може да се користи во друг ден во неделата и се укажува дека ова законско решение не е во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците и директно задирало во темелните вредности на уставниот поредок на државата, велат од Уставен суд.

Според подносителот, со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела – неметалните минерални производи, имале еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата, кои се утврдени со закон, но биле ставени во нееднаква правна положба со работодавачите од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка.

Освен оваа точка, Уставниот суд денеска ќе дискутира и за иницијативата поднесена од Здружението на приватни стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина од Кавадарци и за Правилниот за облиците на континуирано стручно усовршување.

Другите две иницијативи за кои уставните судии денеска треба да се произнесат се за носењето на лична заштита заради спречување на ширењето на КОВИД -19 и за еден обвинителен акт поднесен од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. /MИА/. 

Next Post

Облачно со повремени врнежи од дожд, температура до 17 степени

Shortcut

Најново

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk