ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Мора да креираме стратегии за различните сценарија кои не очекуваат во годините пред нас

April 20, 2022 15:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на првата од серијата онлајн обуки на тема „Предвидување и размислување за иднината при создавањето на политики“ во рамките на проектот „Миграциска политика и општествен дијалог базиран на докази во Република Северна Македонија“, информираат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Оваа серија на обуки е иницијатива промовирана од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), во соработка со Меѓуресорското тело за развој и спроведувањена на Миграциската политика за 2021-2025, под координација на Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН за Северна Македонија.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека миграциите историски имале клучно место во политичкиот, демографскиот и економскиот аспект на живеењето во нашата држава. Покрај традиционалната економска миграција и одливот на голем број македонски граѓани, рече претседателот Пендаровски, во последниве неколку години сме сведоци на интензивни миграциски процеси и како резултат на воени и безбедносни кризи.

Претседателот Пендаровски посочи на воениот конфликт во Сирија во 2015/2016, кога нашата држава беше транзитна рута за милиони бегалци, што, според него, сериозно ја наметна дилемата за нашите капацитети за справување со  миграциските бранови.

„Тогаш стекнатите искуства ја наметнаа потребата од нови законски решенија, преструктуирања и системска подготовка на институциите за справување со идните предизвици. Меѓутоа, најбитната лекција која се надевам дека ја научивме сите ние е дека не треба да чекаме кризите да дојдат, туку, да бидеме постојано мобилен и подготвен за справување со нив и да се работи на креирање на политики кои ќе ги антиципираат случувањата, не само во поглед на миграциските политики, туку и во останатите сегменти кои се со нив поврзани“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски го најави и скорешното објавување на стратешкиот документ МКД2030, кој  акцентира повеќе меѓузависни теми и области, од дигитализацијата, децентрализацијата и демократизацијата, преку еколошки, економски, аграрни и здравствени политики, сè до образованието, науката и  миграциските политики, вклучително и борбата против масовното иселување на младите и депопулацијата, и го посочи неговото очекување документот да биде преточен во Национална развојна стратегија за периодот до 2041-та година, а нејзините компоненти фазно да бидат соодветно имплементирани.

Според претседателот Пендаровски, живееме во време и во свет во кој работите брзо се менуваат и каде што безбедносните, политичките, но и низа други фактори како што се квалитетот на живот, здравата околина, климатските промени, влијаат врз миграциските процеси.

„Знаеме дека не е ни малку лесно да се антиципираат идните случувања, но, мора да креираме стратегии за различните сценарија кои не очекуваат во годините пред нас“, рече претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека соработката и заедничкиот пристап за решавање на глобалните проблеми се неопходни доколку сакаме да постигнеме резултати и политиките да заживеат во пракса.

„Воениот напад на Русија во Украина  покажа колку е фрагилен мирот на нашиот континент и колку малку е потребно за избувнување на нова безбедносна, хуманитарна и миграциска криза. Имајќи го предвид фактот дека Република Северна Македонија географски е дел од простор со неколку отворени геополитички прашања, на кој сеуште постои потенцијал за конфликти, не можам, а да не го подвлечам значењето на нашето  членство во НАТО алијансата што ни дава соодветни  безбедносни гаранции. Ова е најдобрата потврда за исправноста на евроатлантскиот курс за што донесовме тешки, но визионерски одлуки. Во истата насока, и процесот на евроинтеграциите не само за нашата, туку и за сите земји од регионот добива дополнително на значење и токму затоа императив е и за нас и за Европа тој да се придвижи и конечно, заокружи“, рече претседателот Пендаровски во своето обраќање.

Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Регистрирани 127 нови позитивни случаи на Ковид-19

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk