Русија не може да ја прифати загубата на својот „предводник на Црноморската флота“. Русија спроведува „операција за пребарување и спасување“ на местото на потопувањето на крстосувачот „Москва“ уништен со украинските ракети Нептун, пренесува defense.ua.com.
Според некои извештаи, русите сакаат да се обидат да го подигнат потонатиот крстосувач од дното со помош на таканаречените “кули Бојко“ (украински платформи за дупчење „Петро Годованец“ и „Украина“, кои беа заробени од Русија за време на анексијата на Крим во 2014 година).
Крстосувачот „Москва“ оди на дното
Во исто време, продолжуваат не толку „грандиозните“ обиди да се спаси она што остана од „предводникот на руската Црноморска флота“. Во областа на потонатиот крстосувач „Москва“ има 8 единици за спасување и помош на Црноморската флота на Руската Федерација.
Конкретно, се работи на пронаоѓање и собирање тајни документи, телата на загинатите членови на екипажот (иако официјално Москва со сите средства се обидува да го сокрие бројот на жртвите на крстосувачот) и проверка на муницијата на П-1000 „Вулкан“ ракетен систем.
Превод: Жорж Димовски